Philips R51-GV Instructions Manual page 226

Table of Contents

Advertisement

околу микрофонот на предната страна на далечинскиот
управувач ќе затрепка.
2 - Далечинскиот управувач мора да го држите во близина
на телевизорот (не подалеку од 1m) во текот на
впарувањето за да биде успешен процесот.
3 - Доколку телевизорот не го покаже полето за гласовна
контрола кога ќе притиснете  , впарувањето било
неуспешно.
4 - Пред да влезете во режимот на впарување, се
препорачува да почекате сѐ додека телевизорот целосно
не се подигне и не се активираат сите процеси во заднина,
бидејќи известувањето кое ги содржи дополнителните
инструкции може да се појави доцна и со тоа негативно да
влијае на постапката за впарување.
Впарување или повторно впарување
Доколку впарувањето со далечинскиот управувач се
загуби, можете повторно да го впарите телевизорот со
далечинскиот управувач.
Можете едноставно долго да притиснете на
копчето PAIR (во траење од приближно 3 секунди) за да
извршите впарување.
Алтернативно, одете во  Поставки > Безжичен пренос и
мрежи > Далечински управувач > Впари далечински
управувач, а потоа следете ги инструкциите на екранот.
Кога впарувањето ќе биде успешно, ќе се прикаже порака.
Софтвер за далечинскиот управувач
 Поставки > Безжичен пренос и мрежи > Далечински
управувач > Тековни информации за софтверот
Откако ќе се впари далечинскиот управувач, можете да ја
проверите тековната верзија на софтверот за далечинскиот
управувач.
 Поставки > Безжичен пренос и мрежи > Далечински
управувач > Ажурирање на софтверот за далечинскиот
управувач
Проверете дали има достапни ажурирања за софтверот за
далечинскиот управувач.
1.4
Пребарување со говор
Можете да пребарувате видео записи, музика или која
било друга содржина на интернет со користење на вашиот
глас. Можете да говорите на микрофонот на далечинскиот
управувач.
Потребно е да го впарите далечинскиот управувач со
телевизорот пред да го користите гласовното
пребарување.
За да го користите говорот...
1 - Притиснете на копчето  на далечинскиот
управувач, синото светло на далечинскиот управувач ќе
засвети, ќе се отвори полето за пребарување и ќе се
активира микрофонот.
2 - Јасно изговорете го она што го барате. Можете да
зборите 10 секунди пред да се исклучи микрофонот. За да
се појават резултатите ќе биде потребно некое време.
3 - На листата со резултатите од пребарувањето, можете
да го изберете саканиот елемент.
1.5
Инфрацрвен сензор
Телевизорот може да прима наредби од далечински
управувач кој користи IR (инфрацрвен сигнал) за
испраќање наредби. Ако користите таков далечински
управувач, секогаш насочувајте го далечинскиот управувач
кон инфрацрвениот сензор на предната страна на
телевизорот.
 Предупредување
Немојте да ставате никакви предмети пред
инфрацрвениот сензор на телевизорот, бидејќи тие можат
да го блокираат инфрацрвениот сигнал.
1.6
Батерии
Доколку телевизорот не реагира на притиснување на
копче на далечинскиот управувач, можно е батериите да
се празни.
За да ги замените батериите, отворете ја преградата за
батерии од предниот долен дел од далечинскиот
управувач.
1 - Поместете го капакот од преградата за батерии во
насоката која е покажана со стрелката.
2 - Заменете ги старите батерии со 2 алкални батерии од
типот AAA-LR03-1,5V. Проверете дали краевите  и  на
батериите се правилно поставени.
3 - Наместете го капакот од преградата за батерии и
лизгајте го сѐ додека не кликне.
Отстранете ги батериите ако не го користите далечинскиот
управувач подолг временски период.
Уредно фрлете ги старите батерии според упатствата за
исфрлување од употреба.
За повеќе информации, во Помош, изберете Клучни
зборови и побарајте Крај на употреба.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

R52-gv

Table of Contents