LG MB3921C Owner's Manual page 88

Hide thumbs Also See for MB3921C:
Table of Contents

Advertisement

П. Што не е во ред кога светлото во печката не
свети?
О. Прегорела сијалицата во ламбата.
Вратата не е затворена.
П. Зошто излегува пареа од отворот за
вентилација и/или зошто капи вода од дното
на вратата?
О. Нормално е да се појави пареа за време на
операции на готвење. Микробрановата печка
е направена да ја вентилира оваа пареа
преку страничниот отвор, понекогаш пареата
се кондензира на вратата и тогаш капки вода
паѓаат од дното на вратата. Тоа е сосем
нормално и безбедно.
П. Дали микробрановата енергија поминува низ
стаклото за гледање на вратата?
О. Не. Металната покривка ја одбива енергијата
кон отворот на печката. Дупките или отворите
се направени за да дозволат светлината да
минува, тие не дозволуваат микробрановата
енергија да помине.
П. Дали микробрановата печка ќе се оштети ако
се користи празна?
О. Да. Никогаш не ја користете празна.
П. Зошто јајцата понекогаш пукаат?
О. Кога варите јајца без лушпа, жолчката може
да пукне заради насобраната пареа во
мембраната на жолчката. За да се спречи
тоа, едноставно издупчете ја жолчката со
чепкалка за заби пред готвењето. Никогаш не
гответе јајца без да ја издупчите лушпата.
П. Зоште се препорачува време на стоење
откако готвењето завршило.
О. Времето на стоење е многу важно. Со
готвењето со микробранова печка, топлината
е во храната, а не во печката.
Прашања и Одговори
Многу видови на храна постигнуваат голема
внатрешна топлина што овозможува процесот
на готвење да продолжи дури и откако храната
ќе се извади од печката. Времето на стоење
за зглобови од месо, крупни зелечуци и торти
е за да се дозволи да се зготват целосно без
препекување во внатрешноста.
П. Зошто мојата печка не готви толку брзо колку
што е наведено во книгата за готвење во
микробранови печки?
О. Проверете ја повторно вашата книга за
готвење за да се уверите дека сте ги следеле
сите упатства целосно и за да видите што
би можело да предизвикува варијации во
времето на готвење. Упатствата за време
на готвење и подесување за загревање се
само предлози за да се спречи прегорување
на храната...најчестиот проблем е
навикнувањето на микробрановата печка.
Варијации во време, форма и тежина и
димензии може да изискуваат подолги
времиња на готвење. Користете го вашето
сопствено расудување заедно со упатствата
за готвење за да проверите дали храната е
зготвена правилно како што би постапиле и
со конвенционална печка.
П. Зошто има појава на искри и чуден звук во
печката?
О. Може да има неколку причини за искрите и
звукот во отворите.
Користите садови со метални делови или
шарки (златни или сребрени).
Сте заборавиле вилушка или друг метален
прибор во печката.
Користите големо парче на метална фолија.
Користите метална жица за врзување.
88

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ms2021csMs2021c

Table of Contents