LG MB3921C Owner's Manual page 83

Hide thumbs Also See for MB3921C:
Table of Contents

Advertisement

Важни сигурносни Упатства
Прочитајте внимателно и чувајте го за идни референци
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ве молиме осигурете се дека времињата за готвење се поставуваат правилно
бидејќи претераното готвење може да резултира со ПОЖАР и следствено со
ОШТЕТУВАЊЕ на ПЕЧКАТА.
1. Не се обидувајте да играте или да правите
некакви подесувања или поправки на вратата,
контролниот панел, сигурносните брави или
било кој друг дел од печката. Не е безбедно
било кој да врши сервис или поправка која
вклучува отстранување на било кој покривен
дел кој дава заштита против изложување на
микробранова енергија. Поправките треба
да се вршат од страна на квалификувани
сервисни техничари.
2. Не ја користете печката додека е празна.
Најдобро е да оставите чаша вода во печката
додека не е во употреба. Водата сигурносно
ќе ја апсорбира целата микробранова енергија
доколку печката биде случајно вклучена.
3. Не ја користете печката за сушење. Тоа може
да биде причина за сериозно загрозување
на сигурноста. (на пример управување со
микробрановата печка со мокри весници,
парчиња облека, играчки, миленичиња или
мобилни електрични уреди итн)
4. Не гответе храна завиткана во книжни
марамчиња освен ако вашата книга за готвење
содржи упатства за храната која ја готвите.
5. Не користете весници на место книжни
марамчиња за готвење.
6. Не користете дрвени садови. Тие можат да
се загреат и да јагленосаат. Не користете
керамички садови кои имаат метални шарки
(на пример златни или сребрени). Секогаш
отстранувајте ги металните спојници. Металните
предмети во печката може да се свиткаат што
може да доведе до сериозно оштетување.
7. Не управувајте со печката со кујнска крпа,
салфетка или било каква друга опструкција
меѓу вратата и предните рабови на печката
што може да доведе до протекување на
микробранова енергија.
8. Не користете производи од рециклирана
хартија бидејќи можат да содржат нечистотии
кои можат да предизвикаат искри и/или оган
при употреба во готвењето.
9. Не го чистете поставувачот со ставање во
вода веднаш по готвењето. Тоа може да
предизвика кршење или оштетување.
10. Малите количини на храна изискуваат
пократко време на готвење или загревање.
Доколку се подесат на нормално време може
да се загреат претерано и да изгорат.
11. Поставете ја печката така што предниот
дел од вратата да биде 8 см или повеќе
оддалечен од работ на површината врз која е
поставена печката за да се избегне случајно
поттурнување на уредот и паѓање.
12. Пред готвење, издупчете ја лушпата на
компири, јаболка или други слични овошја и
зеленчуци.
13. Не гответе јајца во нивната лушпа. Притисокот
ќе нарасне внатре во јајцето и тоа ќе пукне.
14. Не се обидувајте да готвите во печката со
пржење со потопување во врело масло.
15. Отстранете ја пластичната или најлонската
обвивка од храната пред готвење или
одмрзнување. Имајте предвид дека во некои
случаи храната треба да биде покриена со
пластична обвивка за загревање или готвење.
16. Доколку вратата или запечатувачите на
вратата се оштетени, печката не смее да
се користи се додека не биде поправена од
страна на квалификуван сервисен техничар.
17. Доколку се појави чад, исклучете ја печката
или исклучете го напојувањето од струјата и
држете ја вратата на печката затворена за да
се згасне пламенот.
18. Кога храната се готви или загрева во садови
за една употреба или садови од пластика,
хартија или други запаливи материјали,
проверувајте ја печката периодично поради
можноста садот со храната да се собере.
19. Дозволете им на деца да ја користат печката
без надзор само доколку претходно им се
дадени адекватни упатства така што детето
да може да ја користи печката на безбеден
начин и да ги разбира опасностите од
неправилната употреба.
20. Течности или друга храна не смеат да се
загреваат во запечатени садови бидејќи
може да експлодираат.
21. Не употребувајте ја печката ако
запечатувачите на вратата и другите делови
од печката кои се во близина се расипани се
додека печката не биде поправена од страна
на квалификуван сервисен техничар.
22. Проверете дали кујнскиот прибор кој го
користите е прикладен за употреба во
микробранови печки пред употреба.
23. Не ги допирајте вратата од печката,
надворешниот кабинет, задниот кабинет,
отворот на релната, аксесоарите и садовите
додека печката е во режим на скара,
конвекционен режим и операции за авто-
готвење, освен ако носите дебели ракавици
за релна бидејќи ќе станат врени. Пред
чистење уверете се дека тие не се
24. Користете само кујнски прибор кој е предвиден
за употреба во микробранови печки.
25. Кога загревате храна во пластични или
книжни садови, внимавајте на печката заради
можноста за запалување.
83
врели.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ms2021csMs2021c

Table of Contents