Download Print this page

Makita DTW1001 Instruction Manual page 60

Cordless impact wrench
Hide thumbs Also See for DTW1001:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Систем за заштита на батеријата
Овој алат е опремен со систем за заштита на
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на батеријата.
Алатот автоматски ќе запре за време на работењето
ако алатот и/или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Со алатот се ракува на начин што предизвикува
тој да повлекува ненормално висока електрична
енергија.
Во таква ситуација, исклучете го алатот и
запрете со примената која предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
алатот.
Ако алатот не се вклучи, батеријата е прегреана. Во
оваа ситуација, оставете ја батеријата да се излади
пред повторно да го вклучите алатот.
Заштита од прекумерно празнење
Преостанатиот капацитет на батеријата е премал
и алатот не може да работи. Во оваа ситуација,
извадете ја и наполнете ја батеријата.
Заштита од други причини
Системот за заштита исто така е дизајниран за
други причини што може да го оштетат алатот и
овозможува тој да запре автоматски. Преземете ги
сите следни чекори за да ги отстраните причините
кога алатот е доведен до привремено запирање или
престанување на работата.
1.
Исклучете го алатот и потоа повторно вклучете
го за да се рестартира.
2.
Наполнете ја батеријата(ите) или заменете ја/
ги со наполнета батерија(и).
3.
Оставете ги алатот и батеријата(ите) да се
оладат.
Доколку не дојде до подобрување со враќање на
системот за заштита, контактирајте со локалниот
сервисен центар на Makita.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
► Сл.2: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
во алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за да
сопрете.
► Сл.3: 1. Прекинувач
НАПОМЕНА: Алатот автоматски запира ако го
држите прекинувачот повлечен околу 6 минути.
Електрична сопирачка
Алатот е опремен со електрична сопирачка. Ако
алатот постојано не успева брзо да запре по
отпуштање на прекинувачот за стартување, алатот
треба да се однесе на сервис во сервисен центар
на Makita.
60 МАКЕДОНСКИ
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
неисправна.
Пред да ја ставите батеријата
можеби е

Advertisement

loading