Makita MLT100N Instruction Manual page 66

Hide thumbs Also See for MLT100N:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Надолжен граничник
► Сл.14: 1. Навртка 2. Надолжен граничник
3. Глава на шрафот
Ако надолжниот граничник дојде блиску до ножот за
пила, сменете ја положбата на надолжниот граничник.
Олабавете ги навртките и извадете го надолжниот
граничник од главите на шрафовите. Ставете ја
главата на шрафот во жлебот на кратката страна од
надолжниот граничник и потоа затегнете ги навртките.
Кога надолжниот граничник е прикачен на левата
страна од ножот за пила, променете ја позицијата
на надолжниот граничник. Олабавете ги навртките и
подигнете го надолжниот граничник заедно со навртките.
Поставете го навојот од шрафовите во жлебовите, така
што надолжниот граничник ќе дојде до страната на
ножот за пила. Потоа затегнете ги навртките.
► Сл.15: 1. Надолжен граничник 2. Жлеб
3. Навртка 4. Глава на шрафот
Долен дел од масата (Д)
► Сл.16: 1. Шрафови
► Сл.17: 1. Долен дел од масата (Д)
Алатот доаѓа со продолжителен долен дел од
масата (Д) што се наоѓа на десната страна од
главната маса. За издолжување на долниот дел од
масата (Д), олабавете ги двета шрафа од десната
страна во насока спротивна на стрелките на
часовникот, целосно повлечете ја масата (Д) и потоа
стегнете ги двета шрафа за да ја прицврстите.
Долен дел од масата (задна страна)
► Сл.18: 1. Шрафови 2. Долен дел од масата
(задна страна)
За да го користите долниот дел од масата (заден дел),
одвртете ги шрафовите под масата од левата и од десната
страна и извлечете ја назад до саканата должина. Кога ќе ја
извлечете колку што сакате, стегнете ги шрафовите.
Лизгачка маса
ВНИМАНИЕ:
Кога ја користите лизгачката
маса, прицврстете го работниот материјал со
клемата на граничникот за сечење спој под
прав агол. Побезбедно е отколку да ја користите
раката и при тоа се слободни двете раце за
ракување со алатот.
► Сл.19: 1. Лизгачка маса 2. Плоча за блокирање
ВНИМАНИЕ:
По користењето на лизгачката
маса, блокирајте ја преместувајќи ја плочата за
блокирање во вертикална положба.
Овој алат е опремен со лизгачка маса што се наоѓа
од левата страна. Лизгачката маса може да се
лизга нанапред и наназад. Наместете ги плочите
за блокирање на задната и предната страна во
хоризонтална положба пред употребата.
Цврсто држете го работниот материјал со
граничникот за сечење спој под прав агол со помош
на стега на граничникот за сечење спој под прав
агол и лизгајте го работниот материјал заедно со
лизгачката маса во текот на сечењето.
Запци против повратни удари
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
против повратни удари секогаш кога е можно при
операциите за целосно сечење. Ова ќе помогне
да се спречи туркањето на материјалот напред во
ракувачот во ситуација на повратен удар, што може
да резултира со сериозна телесна повреда.
► Сл.20: 1. Запци против повратни удари 2. Стега
За отстранување на запците против повратни удари
од алатот, олабавете ја стегата на основата на запците
и потоа извлечете ги. За монтирање, извршете ја
постапката за отстранување по обратен редослед.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
алатот, проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
Монтирање или отстранување на
ножот на пилата
ВНИМАНИЕ:
отстранување на ножот за пила, уверете
се дека алатот е исклучен, а кабелот за
напојување е изваден.
ВНИМАНИЕ:
отстранување на ножот за пила, користете
го само испорачаниот клуч од Makita. Ако
не го користите тој клуч, може да ја стегнете
шестаголната завртка премногу или недоволно.
Тоа може да предизвика повреда.
ВНИМАНИЕ:
за пила. Не користете ножеви за пила што не
се во согласност со карактеристиките што се
наведени во ова упатство.
Дијаметар
260 мм
1.
Одвртете ги шрафовите на лежиштето за
сечилото и отстранете го.
2.
Придржувајте ја надворешната фланша со
клучот и олабавете ја шестаголната навртка во насока
спротивна на стрелките од часовникот со другиот клуч.
Потоа, извадете ја надворешната фланша.
► Сл.21: 1. Клуч 2. Клуч 3. Шестаголна навртка
3.
Составете ги внатрешната фланша, прстенот,
ножот за пила, надворешната фланша и шестаголната
навртка на отворот за монтирање, така што запците од
сечилото да бидат насочени надолу кон предниот дел
од масата. Секогаш ставајте ја шестаголната навртка со
задната страна свртена кон надворешната фланша.
► Сл.22: 1. Внатрешна фланша 2. Прстен
3. Нож за пила 4. Надворешна фланша
5. Шестаголна навртка
66 МАКЕДОНСКИ
Користете ги запците
Пред да работите нешто на
Пред секое монтирање или
За монтирање или
Користете го следниов нож
Дебелина на
Засек
сечилото
Помалку од
Повеќе од 2,1 мм
1,9 мм

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents