Bosch Router Plunge Base Original Instructions Manual page 76

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 9
76 | Македонски
површината на делот за обработување. Притиснете го
лостот за заклучување (12), за да ја фиксирате
длабочината на глодање.
– Зацврстете ја рачката (5).
– Со завртување на граничникот за вртежи (8)
длабочината сега може да се зголеми со помош на
дефинираните чекори.
Пример:
Сакана длабочина на глодање: 8 mm
Прв циклус на глодање од степен „10" на степен
„5" → 5 mm
Втор циклус на глодање од степен „5" на степен
„2" → 3 mm
Напомена: за да се добијат прецизни резултати,
препорачуваме да не се надминува максималната
длабочина на глодање од 5 mm при секој циклус на
глодање.
Фино подесување на длабочината на глодање
По пробата за глодање, со вртење на прстенот (9)
можете да ја подесите длабочината на глодање точно на
саканите димензии; свртете во правец на стрелките на
часовникот за зголемување на длабочината на глодање, а
за намалување на длабочината на глодање свртете во
правец спротивен на стрелките на часовникот.
Скалата (10) служи за ориентација. Едно вртење
одговара на должина на подесување од прибл. 0,8 mm,
максималната должина на подесување изнесува прибл.
4 mm (т. е. 5 вртења одговараат на 4 mm).
Ако единицата за вдлабнување (2) е спуштена до
максималната длабочина на вдлабнување, не може да се
достигне поголема длабочина на вдлабнување дури и со
фино прилагодување, бидејќи е искористена
максималната должина на подесување.
Исто така, не е возможно фино подесување ако
граничникот за длабочина (3) допре до граничникот за
вртежи (8).
Совети при работењето
Правец и процес на глодање (види слика D)
Процесот на глодање секогаш мора да се извршува
u
спроти правецот на ротација на глодалката
(спротивен тек). При глодање во правец на ротација
(ист тек) електричниот алат може да ви избега од
раката.
За глодање со единицата за вдлабнување (2) постапете
на следниот начин:
– Подесете ја саканата длабочина на глодање, (види
„Подесување на длабочината на глодање
(види слика C) ", Страница 75).
– Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го
на делот за обработување и вклучете го.
– Полека водете ја глодалката (1) надолу, додека да се
достигне длабочината на глодање. Притиснете го
лостот за заклучување (12), за да ја фиксирате
длабочината на глодање.
– Процесот на глодање вршете го со константна брзина.
1 609 92A 8WV | (14.06.2023)
– По завршувањето на процесот на глодање, вратете ја
глодалката во најгорна позиција.
– Исклучете го електричниот алат.
Повторно прилагодување на затегнувачката рачка
(види слика E)
Ако глодалката (1) не е повеќе цврсто поставена во
единицата за вдлабнување, мора повторно да ја подесите
силата на затегнување на затегнувачката рачка (13).
– Отворете ја затезната рачка.
– Свртете ја навртката прибл. 45° во правец на
стрелките на часовникот со помош на вилушкаст клуч
(8 mm).
– Повторно затворете ја затезната рачка.
– Проверете дали глодалката е добро прицврстена. Не
затегнувајте ја завртката премногу.
Прицврстување паралелен граничник (види слика F)
Водете го држачот-водилка (16) во страничните водилки
на единицата за вдлабнување (2) и прицврстете го со
двете пеперутка-завртки (15).
Прицврстете го паралелниот граничник (19) со
пеперутка-завртката (23) на држачот-водилка (16).
Прицврстување шина-водилка 2 609 255 732
(види слика G)
Водете го држачот-водилка (16) во страничните водилки
на единицата за вдлабнување (2) и прицврстете го со
двете пеперутка-завртки (15).
Ставете го држачот-водилка (16) на шината-
водилка (20).
Прицврстување шина-водилка 1 600 Z00 005
(види слика H)
Прикачете го адаптерот за шина-водилка (24) на
држачот-водилка (16) и прицврстете го со двете
пеперутка-завртката (23).
Водете го монтираниот држач-водилка (16) во
страничните водилки на единицата за вдлабнување (2) и
прицврстете го со двете пеперутка-завртки (15).
Ставете го монтираниот држач-водилка (16) на шината-
водилка (21).
Прицврстување на клинот за центрирање
(види слика I)
Со клинот за центрирање (27) може да се глодаат кружни
површини.
Водете го држачот-водилка (16) во страничните водилки
на единицата за вдлабнување (2) и прицврстете го со
двете пеперутка-завртки (15).
Прицврстете го паралелниот граничник (19) без
подвижната водилка, со пеперутка-завртката (23) на
држачот-водилка (16).
Вметнете го клинот за центрирање (27) во паралелниот
граничник (19). Поставете го саканиот радиус (помеѓу
врвот на клинот за центрирање и глодалката). Фиксирајте
го клинот за центрирање (27) со соодветната пеперутка-
завртка.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents