Пред Употреба - LG GBM21HSADH Owner's Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
mk-mk_main.book.book Page 15 Monday, July 24, 2023 1:02 PM
РАБОТЕЊЕ
Пред употреба
Напомени за работењето
• Пред да ставите храна во апаратот, исчистете
ја внатрешноста и надворешноста на
апаратот со топла вода и умерена течност за
чистење за да ги отстраните остатоците од
производство.
• Имајте предвид дека може да се формира
мраз ако вратата не е целосно затворена или
ако влажноста е многу висока во текот на
летото.
• Погрижете се да има доволно простор меѓу
храната што се чува на полицата и корпата на
вратата за да овозможите вратата целосно да
се затвора.
• Ако ја оставате вратата отворена на подолги
периоди, тоа може да предизвика значително
покачување на температурата во преградите
на уредот.
• Ако ладилникот е празен подолг период,
исклучете го, одмрзнете го мразот, исчистете
го, исушете го и оставете ја вратата отворена
за да не се создаде мувла.
• Имајте предвид дека покачување на
температурата по одмрзнување има
дозволен опсег, којшто е наведен во
спецификациите. Ако сакате да го
минимизирате влијанието што ова може да
го има врз чувањето храна поради
покачување на температурата, запечатете ја
или врзете ја ќесата со храна во неколку
слоеви.
Аларм за отворена врата
Алармот се огласува 3 пати во интервали од 60
секунди доколку вратата е отворена или не е
целосно затворена подолго од 2 минути.
Алармот автоматски ќе прекине по 8 минути.
НАПОМЕНА
• Стапете во контакт со Центарот за
информации за клиенти на LG Electronics ако
алармот продолжи дури и откако ќе се
затворат сите врати.
Детектирање на дефекти
Ако индикаторот на панелот за приказ трепка
еднаш во секунда во рок од 30 секунди од
вклучувањето на фрижидерот, тоа покажува
дека настанал дефект.
Предлози за заштеда на
енергија
• За најефикасна искористеност на енергијата,
нека бидат сите внатрешни делови (на
пример, корпите, фиоките и полиците) на
своите оригинални позиции.
• Погрижете се да има доволно простор меѓу
храната што се чува. Ова овозможува
ладниот воздух да циркулира рамномерно, а
со тоа и сметките за струја да бидат пониски.
• Топлата храна може да ја ставите во
фрижидер, само откако ќе се излади, за да
спречите формирање роса или мраз.
• Кога чувате некаков уред во замрзнувачот,
поставете ја температурата на замрзнувачот
пониска од температурата наведена на
храната.
• Не поставувајте ја температурата на уредот
пониско од потребното.
• Не ставајте храна во близина на сензорот за
температура на фрижидерот. Растојанието од
сензорите треба да биде минимум 3 cm.
Ефикасно чување храна
• Храната може да се замрзне или да се расипе
ако се чува на погрешна температура.
Поставете температура во фрижидерот
којашто е правилна за храната што се чува во
него.
РАБОТЕЊЕ
15

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents