mk-mk_main.book.book Page 3 Monday, July 24, 2023 1:02 PM
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ УПАТСТВА ПРЕД УПОТРЕБА
Следните безбедносни упатства се наменети за да спречат
непредвидени ризици или штети од небезбедно или неправилно
користење на производот. Упатствата се поделени на
'ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ' и 'ВНИМАНИЕ' како што е опишано подолу.
Безбедносни пораки
Овој симбол означува предмети и активности што може
да предизвикаат ризик. Прочитајте го внимателно делот
со овој симбол и следете ги упатствата за да избегнете
ризик.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ова покажува дека непочитувањето на упатствата може
да предизвика сериозна повреда или смрт.
ВНИМАНИЕ
Ова покажува дека непочитувањето на упатствата може
да предизвика лесна повреда или мала штета на
производот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
• За да се намали ризикот од пожар, струен удар или повреди на
лица при користење на производот, треба да се почитуваат
основните безбедносни мерки, вклучувајќи ги следните.
Техничка безбедност
• Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица
со намалени физички, сетилни или ментални способности или со
недоволно искуство и знаење, ако се под надзор или добиваат
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
3