LG GBM21HSADH Owner's Manual page 412

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
mk-mk_main.book.book Page 6 Monday, July 24, 2023 1:02 PM
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
6
• При чистењето, не прскајте вода или запалливи супстанции
(паста за заби, алкохол, разредувач, бензен, запалливи течности,
абразивни супстанции итн.), во внатрешноста или
надворешноста на уредот.
• Не чистете го апаратот со четки, крпи или сунѓери со груби
површини или коишто се изработени од метален материјал.
• Апаратот треба да го расклопува или поправа само
квалификуван сервисен персонал во овластен сервисен центар
на LG Electronics.
Ризик од пожар и запалливи материјали
• Ако откриете протекување, избегнувајте отворен пламен или
потенцијални извори на искри и проветрете ја неколку минути
просторијата во која се наоѓа апаратот. За да избегнете
создавање мешавина на воздух и запаллив гас во случај на
протекување од колото за средство за ладење, големината на
просторијата во која се наоѓа апаратот треба да одговара на
количината на употребеното средство за ладење. Просторијата
мора да има по 1 m² на располагање за секои 8 g од средството за
ладење R600a внатре во апаратот.
• Средство за ладење што избива во млаз од цевките може да се
запали или да предизвика експлозија.
• Количината на средство за ладење во вашиот апарат е
прикажана на плочата за идентификација внатре во апаратот.
МОНТАЖА
• Овој апарат треба да го пренесуваат две или повеќе лица,
коишто цврсто ќе го држат при пренесувањето.
• Монтирајте го апаратот на цврст и рамен под.
• Не поставувајте го апаратот во влажна или правлива просторија.
Не поставувајте го и не чувајте го надвор, или во каква било
просторија подложна на надворешни услови, како што е
директна сончева светлина, ветер или дожд, или температури
под нулата.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents