Makita TD003G Instruction Manual page 52

Hide thumbs Also See for TD003G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Совети за одржување
максимален работен век на
батеријата
1.
Заменете ја касетата за батеријата пред
целосно да се испразни. Секогаш запирајте
ја работата со алатот и заменете ја касетата
за батеријата кога ќе забележите дека
алатот дава помала моќност.
2.
Никогаш немојте да полните целосно полна
касета за батерија. Прекумерното полнење
го скратува работниот век на батеријата.
3.
Полнете ја касетата за батеријата на собна
температура од 10°C - 40°C. Дозволете
загреаната касета за батерија да се олади
пред да ја ставите на полнење.
4.
Кога не ја користите касетата за батерија,
извадете ја алатот или полначот.
Полнете ја касетата за батеријата доколку не
5.
ја користите подолго време (повеќе од шест
месеци).
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
► Сл.1: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за батерија
За монтирање на касетата за батерија, порамнете го
јазичето на касетата за батерија со жлебот во куќиштето
и лизнете го во место. Вметнете ја докрај додека не се
блокира во место при што ќе се слушне звук. Ако можете
да го видите црвениот индикатор како што е прикажано
на сликата, не е целосно блокирана во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека црвениот
индикатор не се изгасне. Во спротивно, може
ненадејно да испадне од алатот предизвикувајќи ви
повреда вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате касетата
за батеријата на сила. Ако касетата не може да се
лизне лесно, тоа значи дека не е поставена правилно.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
► Сл.2: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на алатот/батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи работниот
век на алатот и на батеријата. Алатот автоматски ќе се
исклучи за време на работењето ако тој или батеријата
се најдат под еден од следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со батеријата се работи на начин што
предизвикува повлекување прекумерно висока
струја, таа автоматски се исклучува без никаква
индикација. Во таква ситуација, исклучете го алатот
и запрете со примената која предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот или батеријата се прегреани, алатот
автоматски запира. Во овој случај, оставете ги
алатот и батеријата да се оладат пред повторно да
го вклучите алатот.
НАПОМЕНА: Кога алатот е прегреан, ламбичката
трепка.
52 МАКЕДОНСКИ
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Td003ga201Td003gz

Table of Contents