Samsung THE FREESTYLE SP-LFF3CLAXXXY User Manual page 113

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Користете само соодветно заземјени приклучоци и штекери.
Неправилното заземјување може да предизвика
електричен удар или оштетување на опремата. (само
опрема од класа l.)
За да го исклучите целосно овој уред, извадете го
неговиот кабел од ѕидниот штекер. За да можете брзо да
го исклучите кабелот за напојување на уредот доколку
има таква потреба, овозможете лесен пристап до ѕидниот
штекер и приклучокот за напојување.
Инсталирање
Не го поставувајте овој уред во близина или над радијатор
или грејни тела или, пак, на места каде што ќе биде
изложен на директна сончева светлина.
Не поставувајте садови (вазни итн.) кои содржат вода врз
овој уред, бидејќи тоа може да предизвика пожар или
електричен удар.
Не изложувајте го овој апарат на вода (дожд) или влага.
Не монтирајте го овој Projector на локација со многу
прашина, хемиски материи, многу висока или ниска
температура или висока влажност, во автомобил или
друго возило за транспорт, или на локација каде што
Projector ќе работи континуирано подолг временски
период, како на пример, на аеродром или железничка
станица. Ако се монтира на такви локации, може да дојде
до сериозен проблем поврзан со квалитетот поради
самата околина.
Не изложувајте го уредот на капки или прскање.
Не изложувајте го уредот на масло или масна пареа.
Не користете масла или мазива. Тоа може да предизвика
напукнување на апаратот.
Обезбедување соодветна вентилација за вашиот Projector
При инсталирање на вашиот Projector, одржувајте растојание
од најмалку 10 cm помеѓу Projector и останатите објекти
(ѕидови, страните на комодата итн.) за да овозможите
соодветна вентилација. Доколку не одржувате соодветна
вентилација, тоа може да предизвика пожар или проблем кај
производот кој ќе настане поради зголемување на неговата
внатрешна температура.
Кога Projector работи во затворен простор, оставете најмалку
50 cm растојание околу влезните и излезните отвори.
Користење
Движете го производот со држење на телото. Не држете
го капачето на објективот.
Овој уред користи батерии. Во вашата заедница можеби
постојат еколошки регулативи според кои треба правилно
да ги отстраните овие батерии. Ве молиме обратете се
кај вашите локални власти за да добиете информации за
отстранување или рециклирање.
Галантеријата (далечински управувач итн.) треба да се
складира на безбедно место кое не е на дофат на деца.
Ако треба целосно да го исклучите Projector, почекајте
вентилаторот целосно да престане да работи за Projector
да може целосно да се излади.
Не фрлајте ги далечинскиот управувач или батериите во оган.
Не ги расклопувајте, прегревајте, или правете краток спој
на батериите.
ВНИМАНИЕ: Постои опасност од експлозија доколку
батериите што сте ги користеле во далечинскиот
управувач ги замените со батерии од погрешен вид.
Заменете ги само со ист или еквивалентен вид.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ЗА ДА СПРЕЧИТЕ
ПОЈАВА НА ПОЖАР, СЕКОГАШ ЧУВАЈТЕ ГИ
СВЕЌИТЕ И ДРУГИТЕ ИЗВОРИ НА ОТВОРЕН
ОГАН ПОДАЛЕКУ ОД ОВОЈ ПРОИЗВОД.
Не го испуштајте или удирајте производот. Ако
производот е оштетен, исклучете го кабелот за
напојување и обратете се во сервисен центар на Samsung.
Грижа за Projector
За да го исчистите уредот, исклучете го кабелот за напојување
од ѕидниот штекер и избришете го производот со мека и
сува крпа. Не користете никакви хемикалии како восок,
бензен, алкохол, разредувачи, инсектициди, освежувачи на
воздух, лубриканти или детергенти. Овие хемикалии можат
да го оштетат надворешниот изглед на Projector или да ги
избришат отпечатените ознаки на производот.
Надворешниот дел на Projector може да се изгреба при
чистење. Внимателно бришете го надворешниот дел со
мека крпа за да не направите гребнатини.
Не прскајте вода или каква било течност директно на
Projector. Секоја течност која ќе навлезе во производот може
да предизвика неисправност, пожар или електричен удар.
Македонски - 3

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents