Samsung WD80J6A10AW User Manual page 603

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ЧЕКОР 4 - Претперење (ако е потребно)
Изберете ја опцијата Претперење за избраниот
циклус ако облеката е многу валкана. Не користете
ја опцијата Prewash (Претперење) кога рачно
додавате детергент во барабанот.
ЧЕКОР 5 - Одредете го капацитетот на
полнење
Немојте да ја преполнувате машината за перење.
Преполнувањето може да предизвика неправилно
перење од страна на машината за перење.
Прочитајте на страница 35 за капацитетот на
полнење за типот на алишта.
ЗАБЕЛЕШКА
При перење постелнина или навлаки,
времетраењето на перењето може да биде
продолжено или може да се намали ефикасноста
на центрифугата. За постелнина или навлаки,
препорачаната максимална брзина на
центрифугирање е 800 вртежи во минута, а
капацитетот на полнење е 2,0 kg или помалку.
ВНИМАНИЕ
Ако алиштата за перење не се урамнотежени и се
појави кодот за грешка „UB", прераспоредете го
товарот. Неурамнотеженоста на алиштата за перење
може да ја намали ефикасноста на центрифугата.
WD80J6A10AW_DC68-03628L_MK.indd 27
ЧЕКОР 6 - Користете соодветен ви на
детергент
Видот на детергентот зависи од видот на ткаенината
(памук, синтетика, деликатни ткаенини, волна),
бојата, температурата на перење и видот на
валканоста. Секогаш употребувајте детергент за
перење кој „не пени" премногу и кој е наменет за
автоматските машини за перење.
ЗАБЕЛЕШКА
Следете ги препораките на производителот на
детергенти за тежината на алиштата за перење,
степенот на валканоста и тврдоста на водата во
вашето локално место. Ако немате информации
за тврдоста на водата, обратете се во локалното
претпријатие за водоснабдување.
Немојте да употребувате детергент што може
да се стврдне или згусне. Ваквиот детергент
може да се задржи по циклусот на плакнење,
блокирајќи го излезот на одводот.
ВНИМАНИЕ
Кога перете волнена облека со користење на
циклусот за волна, користете само неутрален течен
детергент. Ако користите детергент во прав со
циклусот за волна, тој може да остане на алиштата и
да предизвика нивно избледување.
Македонски 27
2017/12/5 11:04:43

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Wd80j6 seriesWd90j6 seriesWd90j6a10aw

Table of Contents