Download Print this page

Beko WTE 7500 B0 User Manual page 50

Advertisement

Available languages

Available languages

  • ENGLISH, page 1
2.9 Фрлање на материјалот
од пакувањето
Материјалот од пакувањето е опасен за децата.
Чувајте го на безбедно место и подалеку од
дофатот на децата.
Пакувањето се произведува од рециклирачки
материјали. Фрлете го правилно и сортирајте го во
согласност со упатствата за рециклирање отпад.
Не фрлајте го заедно со домашниот отпад.
2.10 Транспорт на производот
Исклучете го производот од струја пред
транспортот. Извадете ги поврзувањата за
цревата за довод и одвод на вода. Испуштете ја
докрај преостанатата вода. Видете „Испуштање
на преостаната вода и чистење на филтерот за
пумпата". Поставете ги безбедносните шрафови
за транспорт по обратен редослед од постапката
за вадење. Видете „Вадење на транспортните
шрафови".
C
ИНФОРМАЦИИ
Никогаш не поместувајте го уредот без правилно
поставени навртки за безбеден транспорт!
2.11 Фрлање на стариот производ
Фрлете го стариот производ внимавајќи на
заштитата на животната средина.
Обратете се кај локалниот застапник или во
центарот за собирање цврст отпад во вашата
област за да дознаете како да го фрлите
производот.
За да ги заштитите децата, исечете го кабелот
за напојување и скршете го механизмот за
заклучување на вратата за да не може да работи
пред да го фрлите производот.
50 / MK
3 Подготовка
3.1 Работи што треба да се направа
за заштеда на ел. енергија
Следниве информации ќе ви помогнат да го
користите производот на еколошки и штедлив
начин.
• Вклучувајте го производот со најголемиот
капацитет што го дозволува избраната програма,
но не преполнувајте го. Видете „Табела за
програми и потрошувачка".
• Секогаш следете ги упатствата на пакувањето на
детергентот.
• Перете ги малку извалканите алишта на ниски
температури.
• Користете побрзи програми за мали количина на
малку извалкани алишта.
• Не користете високи температури за алишта што
не се многу валкани или исфлекани.
• Не користете повеќе детергент од количината
што се препорачува на пакувањето на
детергентот.
3.2 Сортирање на алиштата
• Сортирајте ги алиштата според видот
ткаенината, бојата и степенот на извалканост, и
дозволената температура на водата.
• Секогаш почитувајте ги упатствата што се
дадени на етикетите на облеката.
3.3 Подготовка на алиштата за перење
• Алиштата со метални предмети како што се
шноли, копчиња на каиши и метални копчиња
ќе ја оштетат машината. Тргнете ги металните
делови или перете ги алиштата ставени во
вреќичка за перење или во навлака за перница.
• Извадете ги сите предмети од џебовите,
како што се монети, пенкала или спојувалки,
превртете ги џебовите надвор и исчеткајте
ги. Таквите предмети може да го оштетат
производот и да предизвикуваат проблем со
бучава.
• Ставете ги малите алишта, како што се
бебешките чорапчиња или најлонските чорапи
во вреќичка за перење или во навлака за
перница.
• Ставете ги завесите внатре без да ги притискате.
Извадете ги деловите за закачување на
завесите.
• Закопчајте ги патентите, зашијте ги
разлабавените копчиња и искинатите делови на
алиштата.
• Перете ги производите со етикети „може да се
пере во машина" или „рачно перење" само на
соодветна програма.
• Не перете обоени и бели алишта заедно. Нови,
темно обоени памучни ткаенини може да
испуштат многу боја. Исперете ги засебно.
• Тврдокорните дамки мора да се третираат
соодветно пред перење. Ако не сте сигурни,
прашајте некој во хемиско чистење.
• Користете само разменувачи на бои и
отстранувачи на бигор соодветни за машини
за перење. Секогаш следете ги упатствата на
пакувањето.
• Перете ги пантолоните и деликатните алишта
превртени наопаку.
Машина за перење алишта / Упатство за употреба

Advertisement

loading