Makita VC005GL Instruction Manual page 63

Cordless vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for VC005GL:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Кога користите додаток без
функција за заклучување
Опционален прибор
Вметнете го додатокот во отворот за смукање
на правосмукалката со притискање и рачно
зашрафување во место.
Свртете го со рака и разделете го додатокот од
отворот за смукање по употребата.
► Сл.25
Нагодување на должините на
лизгачката продолжна цевка
Лизгачката продолжна цевка може да се комбинира
за помали и поголеми должини. Тоа овозможува
чистење тешко достапни области и опции за удобно
позиционирање.
Повлечете ја и извлечете ја лизгачката цевка за
да ги смените должините на цевките додека го
притискате и држите копчето за лизгање.
Отпуштете го копчето за лизгање за да се блокира
лизгачката цевка во посакуваната позиција.
► Сл.26: 1. Лизгачка цевка 2. Копче за лизгање
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред проверки или
одржување, секогаш проверувајте дали уредот
е исклучен и касетите за батерија се извадени.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Складирање на додатоците
Приборот и додатоците што не се користат, како
на пример смукалки и четки, може да се закачат
и складираат на повеќенаменската закачалка во
задниот дел од правосмукалката.
► Сл.27: 1. Повеќенаменска закачалка 2. Прибор и
додатоци што не се користат
Цевките (со монтиран опционален запирач) може да
се постават на држачот за цевки кога не ја користите
правосмукалката на пократок период.
► Сл.28: 1. Запирач (опционален додаток)
2. Држач за цевка
Цревото може да се намота и складира околу
куќиштето на правосмукалката во големи кругови.
Оставете го почетниот крај вметнат во влезот за
црево, закачете ги круговите на повеќенаменската
закачалка и врзете го слободниот крај.
► Сл.29
Чистење на филтерот од ткаенина
Чистете ги филтерот од ткаенина во редовни интервали, бидејќи
затнатиот филтер може да резултира со отежнато смукање.
Повремено избришете го и истресете го правот од
филтерот од ткаенина со рака.
► Сл.30: 1. Филтер од ткаенина
Чистење на филтерот за прав
(HEPA) и предфилтерот
Опционален прибор
Чистете ги филтерот за прав, предфлитерот и придушувачот
во редовни интервали, бидејќи затнатите филтри и
придушувач може да резултираат со отежнато смукање.
Рутински бришете ги и тресете ги филтрите и
придушувачот со рака.
Повремено, мијте го филтерот за прав со вода, бришете го и
оставете го целосно да се исуши под сенка пред употребата.
Никогаш не мијте ги филтрите во машина за перење алишта.
► Сл.31
НАПОМЕНА: Не тријте ги ниту гребете ги филтерот
за прав, предфилтерот или придушувачот со тврди
предмети, како на пример, четка или лопатче.
НАПОМЕНА: Филтрите се абат со текот на времето.
Препорачливо е да имате резервни филтри.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Црево
Предни муфови (22, 24, 38)
Рамна цевка
Продолжна цевка
Додаток за агли
Кружна четка
Филтер за прав, HEPA (за сув прав)
Придушувач
Предфилтер
Филтер од ткаенина
Склоп на додатокот за агли
Свиткана цевка
Полиетиленска вреќа
Хартиена торба
MAKPAC-адаптер
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
63 МАКЕДОНСКИ
Овој прибор или додатоци

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Vc005glz

Table of Contents