Показател На Температурата - Electrolux LNT5ME32U1 User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

Показател на температурата
За да ви помогнеме подобро да го наместите фрижидерот, го опремивме со показател
на температурата кој се наоѓа во најладниот дел.
За подобро чување на храната во фрижидерот, посебно во најладниот дел,
проверете дали се појавува пораката „OK" на показателот на температурата.
Ако не се појавува „OK", тоа значи дека подесувањето на температурата не
било правилно направено.
Бидејќи „OK" се појавува со црни букви, ќе биде тешко да се види оваа ознака ако
показателот на температурата е лошо осветлен. За да можете убаво да ја видите
ознаката, треба да има доволно светлина.
Секој пат кога ќе се промени уредот за подесување на температурата, почекајте да
се стабилизира температурата во апаратот пред да продолжите, ако е потребно, со
ново подесување на температурата. Постепено менувајте ја позицијата на уредот
за подесување на температурата и почекајте барем 12 часа пред да направите нова
проверка и потенцијална промена.
ЗАБЕЛЕШКА: По повторни отворања (или пролонгирано отворање) на вратата или
по ставањето свежа храна во апаратот, нормално е да не се појави ознаката „OK"
на показателот за подесувањето на температурата. Ако има невообичаено многу мразулци
(на долниот ѕид на апаратот) на испарувачот во комората на фрижидерот (преоптоварен
апарат, висока собна температура, често отворање на вратата), наместете го уредот за
подесување на температурата на пониска позиција сè додека повторно не се добијат
исклучените периоди на компресорот.
Ставање храна во најладниот дел на фрижидерот
Храната ќе биде подобро зачувана ако ја ставите во најсоодветниот дел за
ладење. Најладниот дел се наоѓа веднаш над фиоките за свежо овошје и
зеленчук.
Следниот симбол го означува најладниот дел од вашиот фрижидер.
За да обезбедите ниска температура во овој дел, проверете дали полицата
се наоѓа на исто ниво како и овој симбол, како што е покажано на сликата.
Горната граница на најладниот дел е означена на долната
страна на налепницата (врвот на стрелката). Горната полица на
најладниот дел мора да биде на исто ниво со врвот на стрелката.
Најладниот дел е под ова ниво.
Бидејќи овие полици може да се отстрануваат, осигурајте се
секогаш да бидат на исто ниво со овие зонски граници кои се
опишани на налепниците, за да се утврди темепратурата во овој
дел.
MK -79-
OK

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents