Инсталација И Ракување Со Вашиот Фрижидер - Electrolux LNT5ME32U1 User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

• Избегнувајте контакт со гола кожа со мразот додека го вадите од делот за
длабоко замрзнување, бидејќи мразот може да предизвика замрзнатини
и/или посекотини.
• Не допирајте замрзнати работи со влажни раце! Немојте да јадете
сладолед и коцки мраз веднаш откако ќе ги извадите од замрзнувачот!
• Немојте повторно да ги замрзнувате храните кои еднаш се одмрзнале. Тоа може
да предизвика здравствени проблеми од типот на труење со храна.
• Не го покривајте телото и врвот на фрижидерот со чаршаф. Тоа влијае на работата
на фрижидерот.
• Обезбедете ги внатрешните додатоци во апаратот за да не се оштетат при
преместување.
Инсталација и ракување со вашиот фрижидер
Пред да почнете да го користите фрижидерот, обрнете внимание на следниве
работи:
• Работниот напон на фрижидерот е 220-240 волти при 50 херци.
• Приклучокот мора да биде на дофат после инсталацијата.
• При првото вклучување може да се појави мирис. Ќе исчезне кога уредот ќе почне
да лади.
• Пред да поврзете во струјно коло, осигурете се дека напонот означен на плочката
со името на уредот одговара на напонот во вашата мрежа дома.
• Вклучете го приклучокот во штекер со ефикасно заземјување. Доколку штекерот не
е заземјен или не одговара, ви препорачуваме да повикате авторизиран електричар
да ви помогне.
• Уредот мора да биде поврзан на штекер со соодветен осигурувач. Напојувањето и
напонот на напојната точка мора да соодветствуваат со деталите на плочката на
уредот (таа се најдува на внатрешната лева страна на уредот).
• Не преземаме одговорност за штета настаната поради незаземјени приклучоци.
• Поставете го фрижидерот на добро место кое нема да биде изложено на директна
сончева светлина.
• Фрижидерот не смее никогаш да се користи на отворено или да се остава на дожд.
• Треба да биде на најмалку 50 см од извори на топлина како шпорети,
фурни, радијатори и печки и најмалку на 5 см од електрични фурни.
• Горниот празен простор што е потребен за апаратот може да се добие
од димензиите дадени во поглавјето „Димензии".
• Целосно чистете го уредот, особено во внатрешноста, пред да го
користите (видете го делот Чистење и одржување).
• Прилагодливите предни ногалки мора да се постават на соодветна висина со цел
фрижидерот да работи стабилно и правилно. Тоа можете да го направите со вртење
на ногалките во правец на стрелките (или обратно). Тоа треба да се направи пред
да се постави храна во фрижидерот.
• Пред да го користите фрижидерот, избришете ги сите делови со млака вода во
која сте раствориле сода бикарбона и потоа исплакнете со чиста вода и исушете.
Вратете ги сите делови после чистењ.
MK -72-

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents