Makita HR009G Instruction Manual page 97

Cordless combination hammer
Hide thumbs Also See for HR009G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
вибрациите при фактичкото користење на
алатот може да се разликува од номиналната
вредност(и), зависно од начинот на којшто
се користи алатот, особено од тоа како вид
работен материјал се обработува.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ги утврдите безбедносните мерки за заштита
на лицето кое ракува со алатот врз основа
на процена на изложеноста при фактичките
услови на употреба (земајќи ги предвид сите
делови на работниот циклус, како периодите
кога електричниот алат е исклучен и кога
работи во празен од, не само кога е активен).
Декларација за сообразност од ЕУ
Само за земјите во Европа
Декларацијата за сообразност од ЕУ е вклучена во
Додаток А од упатствата за корисникот.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат. Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите предупредувања
и упатства за да може повторно
да ги прочитате.
Под терминот „електричен алат" во предупредувањата
се мисли на вашиот електричен алат кој работи на
струја (со кабел) или на батерии (безжично).
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
БЕЗЖИЧНИОТ РОТИРАЧКИ ЧЕКАН
Безбедносни упатства за сите работи
1.
Носете штитници за уши. Изложувањето на
бучава може да предизвика губење на слухот.
Користете помошна рачка(и), ако е
2.
доставена со алатот. Губењето контрола може
да предизвика повреда.
3.
Држете го алатот за изолираните држачи
кога вршите работи каде што додатокот за
сечење може да дојде во допир со скриени
жици. Додатокот за сечење што ќе допре жица
под напон може да ја пренесе струјата до
металните делови на алатот и да предизвика
струен удар на операторот.
Јачината на
Погрижете се да
Прочитајте ги сите
97 МАКЕДОНСКИ
Безбедносни упатства кога се користат долги
бургии за дупчење со вртлива чекан-дупчалка
1.
Секогаш започнете со дупчење на мала
брзина и со врвот на бургијата во допир
со работниот материјал. На поголеми
брзини бургијата веројатно ќе се свитка ако се
дозволи да се врти слободно без допирање
на работниот материјал, што ќе резултира со
телесна повреда.
Притискајте само во директна линија со
2.
бургијата и не притискајте прекумерно.
Бургиите може да се свиткаат, да се скршат или
да предизвикаат губење на контролата, што ќе
резултира со телесна повреда.
Дополнителни безбедносни предупредувања
1.
Носете тврда капа (заштитен шлем),
заштитни очила и/или штитник за лице.
Обичните очила или очилата за сонце НЕ СЕ
заштитни очила. Сериозно се препорачува
да носите маска што штити од прав и
дебело обложени ракавици.
2.
Проверете дали бургијата е зацврстена пред
да почнете да работите.
3.
При нормално работење, алатот создава
вибрации. Шрафовите можат лесно са
се олабават, да предизвикаат прекин на
работата или незгода. Проверете колку
цврсто се завртени шрафовите пред да
почнете да работите.
4.
Кога е ладно времето или кога алатот не бил
користен долго време, дозволете алатот
да се загрее за миг, нека работи извесно
време без оптоварување. На тој начин ќе се
подмачка. Без правилно загревање, тешко
ќе оди ковањето.
Бидете сигурни дека секогаш стоите на цврста
5.
подлога. Уверете се дека под Вас нема никој
кога го користите алатот на високи места.
6.
Цврсто држете го алатот со двете раце.
7.
Држете ги рацете подалеку од подвижните делови.
Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
8.
алатот само кога го држите в раце.
9.
Не покажувајте со алатот кон лица што се во
просторот во кој се работи. Бургијата може
да излета и да повреди некого сериозно.
10. Не допирајте ги бургијата, деловите близу
главата или работниот материјал веднаш по
работата. Тие може да бидат многу жешки и
да ви ја изгорат кожата.
11.
Некои материјали содржат хемикалии што
можат да бидат отровни. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете ги
упатствата од производителот на материјалот.
12. Пред да го предадете алатот на трето лице,
секогаш проверувајте дали е исклучен и дали
касетата со батеријата и бургијата се извадени.
13. Пред работата, осигурете се дека нема
закопан објект како електричен вод,
водовод или гасовод во работната
површина. Во спротивно, бургијата/длетото
може да ги допре, што ќе резултира со
електричен удар, електрично истекување или
истекување на гасот.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hr008gHr009gm201Hr008gzHr008gm201

Table of Contents