•
Решетка: За менување на режимот за распоредување на
апликациите на основниот екран.
•
Скриј апликации: За селектирање или деселектирање
апликации што треба да се скријат од основниот екран.
Заклучување на екранот
Преглед на заклучувањето на екранот
Екранот на вашиот уред се исклучува и се заклучува ако притиснете
на Копче за вклучување/исклучување/заклучување. Тоа се случува и
ако го оставите уредот да мирува одреден временски период.
Ако го притиснете Копче за вклучување/исклучување/заклучување
кога не е поставено заклучување на екранот, веднаш се појавува
основниот екран.
За да ја осигурите безбедноста и да спречите несакан пристап до
вашиот уред поставете заклучување на екранот.
•
Заклучувањето на екранот спречува непотребни
внесови преку допир на екранот на уредот и ја намалува
потрошувачката на батеријата. Ви препорачуваме да го
активирате заклучувањето на екранот кога не го користите
уредот.
Конфигурирање на поставките за
заклучување на екранот
На располагање има неколку опции за конфигурирање на
поставките за заклучување на екранот.
1
Допрете на
заклучување на екран и потоа изберете го методот што го
сакате.
Основни функции
Поставки Екран Заклучен екран Одберете
42