LG -M160 User Manual page 931

Hide thumbs Also See for LG-M160:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Користете го вашиот уред на температури помеѓу 0 ºC и 40 ºC, доколку
е можно. Изложувањето на вашиот уред на екстремно високи или
ниски температури може да резултира со оштетување, неправилна
работа, па дури и експлозија.
Безбедност при патување
Запознајте се со законот и прописите за употреба на уредите во
подрачјата во кои возите.
Не употребувајте уред за во рака додека возите.
Посветете го целосното внимание на возењето.
Застанете покрај патот пред да се започнете или одговорите на повик
доколку тоа го налагаат условите за возење.
RF енергијата може да влијае врз некои електронски системи во
вашето возило, на пр. врз стерео уредот или безбедносната опрема.
Ако вашето возило е опремено со воздушно перниче, внимавајте
да не го попречите со инсталираната или преносливата безжична
опрема. Може да дојде до неисправност на воздушното перниче или
сериозни повреди заради направилното функционирање.
Доколку слушате музика додека сте излезени, ве молиме одржувајте
ја јачината на звукот на разумно ниво, за да можете да бидете свесни
за вашата околина. Ова е особено важно кога се наоѓате во близина
на сообраќај.
Избегнете оштетување на слухот
За спречување на можното оштетување на слухот, немојте
да слушате со голема јачина на звук подолги периоди.
Доколку подолг период бидете изложени на гласен звук, може да
настане оштетување на вашиот слух. Ви препорачуваме вклучувањето и
исклучувањето на апаратот да не го вршите блиску до вашето уво. Исто
така ви препорачуваме јачината на звукот кај музиката и повиците да ја
одржувате на разумно ниво.
Кога користите слушалки, намалете ја јачината на звукот ако не
можете да го слушате зборувањето на луѓето во ваша близина, или
ако лицето кое седи до вас може да го чуе она што го слушате.
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
11

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents