LG -M160 User Manual page 926

Hide thumbs Also See for LG-M160:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Изложување на радиофреквентна енергија
Информации за изложување на радиобранови и специфична
апсорпциона стапка (SAR).
Овој уред е дизајниран за да ги задоволува безбедносните барања за
изложување на радиобранови. Овие барања се базираат на научни
упатства кои вклучуваат граници на безбедност потребни да ја
гарантираат сигурноста на сите луѓе, независно од нивната возраст или
здравствена состојба.
Во упатствата за изложување на радиобранови се користи мерна
единица позната како специфична апсорпциона стапка или SAR.
Тестот за SAR се спроведува со употребување на стандардни методи
при кои уредот емитува на највисокото потврдено енергетско ниво на
сите користени фреквентни појаси.
Иако постојат разлики помеѓу нивото на SAR кај различни модели
на LG уреди, сите тие се дизајнирани да ги задоволат релевантните
мерки за изложување на радиобранови.
Границата на SAR препорачана од Маѓународната комисија за заштита
од нејонизирачко зрачење (ICNIRP) е 2 W/kg во просек на 10 грама
ткиво.
Највисоката вредност на SAR за овој модел тестиран при поставување
на уво изнесува 0,556 W/kg (10 g), а при поставеност на тело изнесува
1,270 W/kg (10 g).
Овој уред ги задоволува напатствијата за RF изложеност при
користење во нормална позиција наспроти увото или при
поставување најмалку на 5 mm оддалеченост од телото. При
користење на футрола, прицврстувач за ремен или држач за
носење на телото, тие не треба да содржат метал и треба да бидат
поставени најмалку на 5 mm оддалеченост од телото. За пренесување
на податочни фајлови или пораки, на овој уред потребно му е
квалитетно поврзување со мрежата. Во некои случаи, пренесувањето
на податочни фајлови или пораки може да биде одложено додека
не се воспостави такво поврзување. Придржувајте се до горните
инструкции во однос на растојанието сè додека преносот не биде
завршен.
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
6

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents