•
Сензор за близина/амбиентно светло
- Сензор за близина: Сензорот за оддалеченост го исклучува
екранот и ја оневозможува функцијата за допир кога уредот е
во близина на човечкото тело. Тој повторно го вклучува екранот
и ја овозможува функцијата на допирање кога уредот е надвор
од даден опсег.
- Сензор за амбиентно светло: Сензорот за амбиентно светло го
анализира интензитетот на амбиентното светло кога е вклучен
режимот за автоматска контрола на осветленоста.
•
Копчиња за гласност
- Служат за нагодување на гласноста на тоновите на ѕвонење,
повиците или известувањата.
- За да снимите фотографија, благо притиснете на копче за
гласност.
- За да ја стартувате апликацијата Фотоапарат кога екранот
е заклучен или исклучен, притиснете двапати на копчето
за намалување на гласноста (-). За да ја стартувате Сними+,
притиснете го двапати копчето за наголемување на гласноста
(+).
•
Копче за вклучување/исклучување/заклучување
- Кратко притиснете го копчето кога сакате да го вклучите или
исклучите екранот.
- Притиснете и држете на копчето кога сакате да изберете опција
за контрола на вклучувањето/исклучувањето.
•
За некои функции може да биде ограничен пристапот во
зависност од спецификациите на уредот.
•
Немојте да ставате тешки предмети на уредот или да седите на
него, бидејќи тоа може да го оштети екранот.
•
Фолиите за заштита на екранот или додатоците можат да
пречат на сензорот за близина.
•
Ако вашиот уред е влажен или се користи на влажно место,
сензорот на допир или копчињата може да не функционираат
правилно.
Основни функции
24