Bosch 13.5159.0060 Original Instructions Manual page 125

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 13
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За отворање на поклопецот на преградата за батерии (3)
притиснете на блокадата (4) и отворете го поклопецот на
преградата за батерии. Ставете ги батериите одн.
акумулаторските батерии внатре.
Внимавајте на точноста на половите согласно надворешниот
приказ на поклопецот на преградата на батерии.
Приказ за батеријата
Приказот за батерии (f) секогаш го прикажува моменталниот
статус на батериите одн. акумулаторските батерии:
Приказ Капацитет
90–100 %
60–90 %
30–60 %
10–30 %
0–10 %
Трепка приказот за празна батерија. Откако
приказот ќе започне да трепка до исклучувањето
можете да мерите уште околу 15–20 min.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
u
време, извадете ги батериите одн. акумулаторските
батерии од мерниот уред. При подолго складирање во
мерниот уред, батериите и акумулаторските батерии
може да кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
u
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
u
температури или температурни осцилации. На пр. не го
оставајте долго време во автомобилот. При големи
температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво
да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При
екстремни температури или температурни осцилации,
прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
Одржувајте ја чистотата на површините на
u
поставување и контактните површини на мерниот
уред. Заштитете го мерниот уред од потреси и удари.
Честичките нечистотија или деформациите може да
доведат до погрешно мерење.
Избегнувајте тешки удари и превртувања на мерниот
u
уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред,
пред да го употребите за работа, секогаш извршете
контрола на точноста(види „Проверка на точноста и
калибрирање на мерниот уред", Страница 126).
Вклучување/исклучување
За вклучување одн. исклучување на мерниот уред
притиснете на копчето за вклучување/исклучување (9).
Доколку за 30 min не се притисне некое копче на мерниот
уред или косината на мерниот уред не се промени за повеќе
од 1,5°, тогаш мерењето на косини и екранот автоматски се
исклучуваат заради одржување на батеријата.
Замена на мерна единица (види слика A)
Во секое време можете да смените помеѓу мерните единици
„°", „%" и „mm/m". За тоа, притискајте го копчето за промена
на мерните единици (8) додека не се појави саканата мерна
единица на приказот (c) одн. (b). Актуелната измерена
вредност (e) автоматски ќе се пресмета.
При исклучување и вклучување на мерниот уред, поставката
на мерната единица останува зачувана.
Вклучување/исклучување на сигналниот тон
Со копчето сигнален тон (7) можете да го вклучите и
исклучите сигналниот тон. При вклучен сигнален тон, на
екранот се појавува приказот за сигнален тон (g).
Кога ќе го вклучите мерниот алат, тонскиот сигнал
стандардно е вклучен.
Bosch Power Tools
Македонски | 125
1 609 92A 7M2 | (28.04.2022)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gim 120Professional gim 6013.5159.1200

Table of Contents