Bosch 06011B70R0 Original Instructions Manual page 113

Table of Contents

Advertisement

Промена на алат
При менување на алатот носете заштитни ракавици.
u
За време на долготрајни работни процеси, главата за
дупчење може да се вжешти.
Запчеста глава за дупчење (види слика B)
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (1),
додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
Клучот за затегнување на главата за дупчење (9) ставете
го во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење
(1) и рамномерно затегнете го алатот.
Алати за навртување (види слика C)
При користење на битови за одвртувачот (10) секогаш
треба да користите универзален држач за битови (11).
Користете само битови што се соодветни на главата за
навртување.
За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот
„Дупчење/ударно дупчење" (2) на ознаката „Дупчење".
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Менување на главата за дупчење
Кај електричните алати без заклучување на вретеното
u
за дупчење, главата за дупчење мора да биде заменета
од страна на овластена сервисна служба за
електрични алати Bosch.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена
со вртежен момент од околу 30 – 35 Nm.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
Bosch Power Tools
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување на правецот на вртење (види слика D – E)
Прекинувачот за менување на правецот на вртење
u
(5)активирајте го само кога електричниот алат е во
мирување.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (4) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (5) налево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (5) на десно до крај.
Подесување на режимот на работа
Дупчење и одвртување
Поставете го прекинувачот (2) на ознаката
„Дупчење".
Ударно дупчење
Поставете го прекинувачот (2) на ознаката
„Ударно дупчење".
Прекинувачот (2) ќе се вклопи и може да се
активира и додека работи моторот.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(4) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (4) притиснете го копчето за
фиксирање (3).
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (4) одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (3),
кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (4) и потоа отпуштете го.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (4).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (4) се постигнуваат мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Македонски | 113
1 609 92A 6FC | (09.02.2021)

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gsb 570

Table of Contents