Skil 4390 Original Instructions Manual page 98

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
напојување. Никогаш не го користете кабелот
за напојување за носење, влечење или
исклучување на електричниот алат. Чувајте го
кабелот за напојување подалеку од топлина,
масло, остри ивици или подвижни делови.
Оштетените или заплетканите кабли за напојување
ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Кога го употребувате електричниот алат надвор,
користете продолжен кабел кој е соодветен за
употреба на отворен простор. Користењето на
кабел соодветен за работа на отворен простор ја
намалува опасноста од струен удар.
f) Доколку не може да се избегне работа со
електричниот алат во влажна средина, користете
заштитен уред што работи на резидуална струја
(RCD). Употребата на RCD ја намалува опасноста од
струен удар.
3) ЛИЧНА ЗАШТИТА
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите
и постапувајте разумно додека работите
со електричниот алат. Никогаш не работете
со електричен алат ако сте уморни или под
влијание на дрога, алкохол или лекови. Момент
на невнимание при работење со електрични алати
може да доведе до сериозна лична повреда.
b) Носете лична заштитна опрема. Секогаш носете
заштитни очила. Носењето на заштитна опрема,
како што е маска за прашина, безбедносни обувки
кои не се лизгаат, заштитен шлем или штитници за
уши, употребени во соодветни услови, ја намалуваат
опасноста од лични повреди.
c) Спречете случајно вклучување. Осигурете
се дека прекинувачот е на позицијата off
(исклучено) пред приклучувањето на изворот на
напојување и/или батеријата, подигнувањето или
носењето на алатот. Носењето на електричниот
алат со вашиот прст на прекинувачот или
вклучување на електрични алати со прекинувачот
поставен на позиција on (приклучено) доведува до
несреќи.
d) Пред вклучување на електричниот алат
отстранете ги сите клучеви за подесување или
алати за навртување. Алат или клуч што е оставен
прикачен на ротациониот дел на уредот, може да
доведе до лична повреда.
e) Не посегнувајте преку одредената граница. Цело
време одржувајте правилен став и рамнотежа.
На тој начин можете подобро да го контролирате
електричниот алат во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете лелеава
облека или накит. Чувајте ги косата и облеката
подалеку од подвижните делови. Лелеавата
облека, накитот или долгата коса може да се зафатат
во подвижните делови.
g) Доколку се обезбедени уреди за приклучување
на апарати за вшмукување и собирање прашина,
осигурете се дека тие се правилно приклучени
и користени. Користењето на уреди за собирање
прашина може да ги намали опасностите поврзани
со прашината.
h) Не дозволувајте искуството стекнато со честата
употреба на алатите да ве направи невнимателни
и да ги игнорирате безбедносните принципи при
нивното користење. Невнимателната активност
може да предизвика сериозна повреда во дел од
секунда.
4) УПОТРЕБА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АЛАТИ И ГРИЖА ЗА
НИВ
a) Не преоптоварувајте го електричниот алат.
Користете ја правилната електрична алатка
наменета за вашата работа. Со соодветниот
електричен алат ќе ја завршите работата подобро и
побезбедно во однос на тоа за што е наменет.
b) Не користете го електричниот алат ако
прекинувачот не може правилно да се вклучи и
исклучи. Секој електричен алат кој не може да се
контролира со помош на приклучок е опасен и мора
да се поправи.
c) Исклучете го електричниот алат од струја
и/или извадете го комплетот со батерии,
ако се одделува, пред да правите некакви
прилагодувања, менувате дополнителна опрема
или да го складирате електричниот алат. Со
овие превентивни безбедносни мерки се намалува
опасноста од случајно вклучување на електричниот
алат.
d) Складирајте ги електричните алати во мирување
надвор од дофатот на деца и не им допуштајте
работа со уредот на лица кои не се запознаени
со него или кои го немаат прочитано ова
упатство. Електричните алати се опасни доколку со
нив работат нестручни лица.
e) Одржувајте ги електричните алати и
дополнителната опрема. Проверете дали има
изместување или допирање на подвижните
делови, дали некои делови се скршени или се
во некоја друга состојба што влијае врз работата
на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете
го алатот на поправка пред да го користите.
Многу несреќи се случуваат заради неодржуван
електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
ивици помалку ќе се заглавуваат и полесно се
контролираат.
g) Електричниот алат, дополнителната опрема,
работните алати итн., треба да ги користите
според овие упатства, земајќи ги во предвид
работните услови и работата која треба да се
заврши. Употребата на електричниот алат за работи
што се поинакви од неговата намена може да доведе
до опасна ситуација.
h) Одржувајте ги рачките и површините за фаќање
суви, чисти и без масло и маст на нив. Рачките
и површините за држење што се лизгаат не
овозможуваат безбедно ракување и контрола на
алатот во неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНА РАБОТА СО УБОДНАТА
ПИЛА
98

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

4390 aa

Table of Contents