Download Print this page

Упатства За Работа - Bosch T40211 Original Instructions Manual

Support

Advertisement

mk | 135 | T40211
3 Упатства за работа
1.
Проверете дали потпората е целосна и дали на
неа има видливи оштетувања, како на пример
знаци на абење, деформација, дупки, пукнатини
и корозија и оштетувања на шрафовите пред
секоја употреба. Проверете ги состојбата и
шрафовите на кружната завртка и потпората.
Проверете дали сигурносниот прстен е оштетен
и дали е во соодветна позиција. Не користете ја
потпората кога ќе се забележат дефекти и
веднаш фрлете ја.
2.
Извршете ја неопходната подготовка за употреба
на потпората согласно работните прирачници.
3.
Прицврстете ја потпората со навртките A и B како
што е опишано во работните прирачници.
4.
Извршете ја неопходната подготовка согласно
работните прирачници.
5.
Поставете ја потпората на дигалката за
работилница со кружна завртка.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од паѓање на товарот!
Несоодветното поврзување на потпората може да
предизвика паѓање на товарот. Ова може да
предизвика сериозни лични повреди или критично
оштетување на материјалите.
Прицврстете ја потпората точно како што е
опишано во работниот прирачник.
Завртете ги навртките на менувачот целосно
додека не застанат.
6.
Прицврстете ја потпората на рамката за моторот
и менувачот VAS 6095/VAS 6095A или блокот за
стегање VW313.
2018-05-02
Проверете дали блокот за стегање VW313 е
безбедно прицврстен.
Прицврстете ја рамката за моторот и
менувачот VAS 6095/VAS 6095A за да не се
истркала.
Целосно внесете ја цевката за задржување во
потпората на рамката за моторот и менувачот.
Внесете ги иглите за позиционирање.
Кога го користите блокот за стегање VW313,
прицврстете ја потпората за менувачот за да
не се преврти со помош на шрафот за стегање
и иглата за позиционирање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од смачкување!
Внимавајте на ризикот од смачкување помеѓу
моторот и VAS 6095/VAS 6095A или VW313.
Поставете ги рацете и нозете на начин на којшто
нема да постои опасност од смачкување при
движењето на менувачот.
7.
Извршете ја останатата работа како што е
опишано во работните прирачници.
8.
Проверете дали сите делови од специјалната
алатка се отстранети по завршувањето на
поправките.
Bosch Automotive Service Solutions GmbH
Am Dörrenhof 1
85131 Pollenfeld-Preith
Германија

Advertisement

loading