Makita TW141DSME Instruction Manual page 39

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Прекинувач за обратна акција
► Сл.5: 1. Рачка на прекинувачот за обратна акција
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте ја
насоката на ротација пред работата.
ВНИМАНИЕ:
Користете го прекинувачот за
обратна акција само откако алатот целосно ќе
запре. Променувањето на насоката на ротација пред
алатот целосно да застане може да го оштети алатот.
ВНИМАНИЕ:
Кога не работите со алатот,
секогаш поставувајте го прекинувачот за
обратна акција во неутрална положба.
Овој алат има прекинувач за обратна акција за
променување на насоката на ротација. Отпуштете го
прекинувачот за обратна акција од страна А за ротација
во насока на стрелките на часовникот или од страна B за
ротација во насока спротивна од стрелките на часовникот.
Кога рачката на прекинувачот за обратна акција е во неутрална
положба, прекинувачот за вклучување не може да се повлече.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Избирање правилен приклучок за удар
Секогаш користете приклучок за удар со правилна
големина за завртки и навртки. Приклучокот за удар
со неправилна големина ќе предизвика неправилен
и непостојан вртежен момент за стегање и/или
оштетување на завртката или навртката.
Монтирање или отстранување на
приклучокот за удар
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
Погрижете се приклучокот за
удар и делот за монтирање да не се оштетат
пред монтирањето на приклучокот за удар.
ВНИМАНИЕ:
По поставување на
приклучокот за удар, проверете дали тој е
зацврстен. Ако излегува, не користете го.
НАПОМЕНА: Начинот на монтирање приклучок за
удар се разликува зависно од типот на квадратен
одвртувач на алатот.
Алат со прстенеста пружина
За приклучок за удар без О-прстен и игличка
► Сл.6: 1. Приклучок за удар 2. Квадратен
одвртувач 3. Прстенеста пружина
Притиснете го приклучокот за удар во квадратниот
одвртувач додека не се заклучи во место.
За да го отстраните приклучокот за удар, едноставно
извлечете го.
За приклучок за удар со О-прстен и
игличка
► Сл.7: 1. Приклучок за удар 2. О-прстен
3. Игличка
Извлечете го О-прстенот од жлебот во приклучокот
за удар и извадете ја игличката од приклучокот
за удар. Поставете го приклучокот за удар врз
квадратниот одвртувач, така што дупката во
приклучокот за удар е порамнета со дупката на
квадратниот одвртувач.
Вметнете ја игличката низ дупката во приклучокот
за удар и квадратниот одвртувач. Потоа вратете
го О-прстенот во првичната положба во жлебот од
приклучокот за удар за да се задржи игличката.
За да го извадите приклучокот за удар, следете ја
постапката за монтирање по обратен редослед.
Алат со осигурувач
► Сл.8: 1. Приклучок за удар 2. Отвор 3. Квадратен
одвртувач 4. Осигурувач
Порамнете ја дупката странично на приклучокот
за удар со пинот на наковалната и турнете го
приклучокот за удар врз наковалната на алатот
додека не се заклучи во место. Потчукнете го нежно
ако е потребно.
За да го отстраните приклучокот за удар, едноставно
извлечете го. Ако е тешко да се отстрани,
притиснете го осигурувачот додека го влечете
приклучокот за удар.
Монтирање на куката
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
деловите за закачување/монтирање само
за нивните предвидени намени, на пр.,
закачување на алатот на ремен за алат помеѓу
работите и работните интервали.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ја преоптоварите куката, бидејќи преголемата
сила или неправилното преоптоварување
може да предизвикаат штети на алатот, што ќе
резултира со телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
секогаш цврсто затегнете ја со шрафот. Ако не е
затегната, куката може да испадне од алатот и да
предизвика телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
го закачиле алатот пред да го отпуштите
држењето. Недоволно или небалансирано
закачување може да предизвика паѓање и може да
се повредите.
► Сл.9: 1. Жлеб 2. Кука 3. Завртка
Куката е практична за привремено закачување на
алатот. Може да се монтира од двете страни на
алатот. За да ја поставите куката, вметнете ја во
жлебот на куќиштето на алатот од која било страна и
потоа зацврстете ја со завртка. За да ја отстраните,
олабавете ја завртката и извадете ја.
39 МАКЕДОНСКИ
Користете ги
Внимавајте да не
Кога ја монтирате куката,
Осигурете се дека сте

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Tw141dTw141dz

Table of Contents