Makita HR007G Instruction Manual page 91

Cordless combination hammer
Hide thumbs Also See for HR007G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Кука
Опционален додаток
ВНИМАНИЕ:
Секогаш вадете ја батеријата
кога го закачувате алатот со куката.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не закачувајте го
алатот на високо место или на потенцијално
нестабилна површина.
Куката е практична за привремено закачување на
алатот.
Пред монтирање на куката, извадете го гуменото
капаче од дупчињата за шрафови во држачот за
монтирање. Вметнете ги шајбните на плочата под
држачот и потоа затегнете ја куката на место со
шрафови.
► Сл.9: 1. Гумено капаче 2. Држач за монтирање
3. Шајбни на плочата 4. Кука 5. Шрафови
За употреба, подигнете ја раката на куката додека
не влезе во отворена положба.
Кога куката не се користи, секогаш вртете ја додека
не се намести во затворена положба.
► Сл.10: 1. Кука 2. Отворена положба 3. Затворена
положба
► Сл.11
Поврзување на јажето (лентата за
прицврстување) со куката
ВНИМАНИЕ:
Не користете оштетени
кука и шрафови. Пред употреба, секогаш
проверете дали има оштетувања, пукнатини
или деформации и проверете дали шрафовите
се затегнати.
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека куката е
безбедно монтирана со шрафовите.
ВНИМАНИЕ:
Не монтирајте ниту вадете
никаков додаток додека го закачувате алатот.
Алатот може да падне ако шрафовите не се
затегнати.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете
прицврстувач за заклучување (тип со повеќе
дејства и порта на шрафот) и проверете
дали јажето (лента за прицврстување) е
прикачено на делот со двоен јазол на куката.
Несоодветното прикачување може да предизвика
алатот да падне од куката и да резултира со
телесна повреда.
Куката исто така се користи и за поврзување на
јажето (лентата за прицврстување). Проверете дали
јажето (лента за прицврстување) е прикачено на
делот со двоен јазол на куката.
► Сл.12: 1. Дел со двоен јазол на куката
2. Јаже (лента за прицврстување)
3. Прицврстувач за заклучување (тип со
повеќе дејства и порта на шрафот)
Безбедносни предупредувања за
поврзување на јажето (лентата за
прицврстување) со куката
Посебни безбедносни предупредувања за
користење на висина
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања
и упатства. Ако не се почитуваат предупредувањата
и упатствата, може да дојде до сериозни повреди.
Секогаш држете го алатот прицврстен кога
1.
работите „на висина". Максимална должина
на јажето е 2 м.
Максималната дозволена висина на пад на
јажето (лентата за прицврстување) не смее
да надмине 2 м.
Користете само јажиња што се соодветни за
2.
овој тип алат и проценети за најмалку 8,0 кг.
Не зацврстувајте го јажето од алатот со
3.
ниту еден дел на телото или на подвижните
компоненти. Зацврстете го јажето од алатот
на цврста структура што може да ги издржи
силите на паднатиот алат.
Пред употреба, проверете дали јажето е
4.
правилно затегнато на секој крај.
Пред секоја употреба, проверете
5.
дали алатот има оштетувања и дали
функционира правилно (вклучувајќи ги
платното и шевовите). Не користете ако е
оштетен или ако не функционира правилно.
Не виткајте ги јажињата ниту дозволувајте
6.
да дојдат во допир со остри или груби
рабови.
Зацврстете го другиот крај од јажето надвор
7.
од работниот простор, така што алатот што
паѓа ќе биде добро прицврстен.
Прикачете го јажето, така што алатот ќе
8.
се оддалечи од операторот ако падне.
Паднатите алати ќе се нишаат на јажето, што
може да предизвика повреда или губење на
рамнотежата.
Не користете го во близина на подвижни
9.
делови или машинерија што работи. Во
спротивно, тоа може да резултира со опасност
од кршење или заплеткување.
10. Не носете го алатот со додадениот уред или
јажето.
Пренесувајте го алатот само со рацете
11.
додека држите соодветна рамнотежа.
12. Не прикачувајте ги јажињата на алатот на
начин што ќе ги спречи прекинувачите или
блокирањата на прекинувачот (доколку се
испорачани) да работат правилно.
13. Избегнувајте заглавување во јажето.
14. Држете го јажето настрана од областа каде
што се дупчи со алатот.
15. Користете прицврстувач за заклучување
(тип со повеќе дејства и порта на шрафот).
Не користете прицврстувачи со едно
дејство со клипови со пружини.
16. Во случај кога алатот ќе падне, тој мора
да се означи и да се отстрани од работа
и треба да го провери фабричкиот или
овластениот сервисен центар на Makita.
91 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents