Bosch Professional GBH 18V-28 DC Original Instructions Manual page 216

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 16
216 | Македонски
Замена на алат (SDS-plus)
Ставање на SDS-plus-алатот за вметнување (види
слика C)
Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и
лесно да го замените алатот што се вметнува без
користење на дополнителни алати.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Со SDS-plus-алатот за вметнување може слободно да се
маневрира поради системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Вадење на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика
D)
– Турнете ја чаурата за заклучување (4) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Замена на алат, запчеста глава за дупчење
Ставање на алатот за вметнување (види слика E)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата
за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете запчеста глава за дупчење (19).
– Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење
(19), додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
– Клучот за затегнување на главата за дупчење (21)
ставете го во соодветните отвори на запчестата глава
за дупчење (19) и рамномерно затегнете го алатот.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (12) во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување (види слика F)
– Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење
(19) со помош на клучот за затегање на главата за
дупчење (21) во правец спротивен на стрелките на
часовникот, додека не се извади алатот за
вметнување.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
1 609 92A 5SL | (26.11.2021)
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Всисувач за прав со GDE 28 D или GDE 18V-26 D
(види слика G)
За всисување на прав од бетон и камења, потребен е
уред за всисување GDE 28 D (опрема) или GDE 18V-26 D
(опрема).
Оваа опрема за всисување не е погодна за прав од дрво,
метал и пластика, како и за прав, кој е штетен по
здравјето (на пр. азбест).
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте капакот (10) наBluetooth
u
модулот GCY 42 да биде затворен за време на
работата. На тој начин ќе избегнете влегување на
прав.
Вметнување на батеријата
Користете само оригинални Boschлитиум-јонски
u
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
алат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
– Прекинувачот за менување на правецот на вртење (5)
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување.
– Вметнете ја батеријата (8) до крај во преградата за
батерии .
Подесување на режимот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (12)
изберете го начинот на работа на електричниот алат.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување (11) и свртете го
прекинувачот за запирање на удари/вртежи (12) во
саканата позиција додека не слушнете дека се
вклопил.
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Позиција за ударно дупчење во бетон
или камен
®
Low Energy
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Gbh 18v-28 dc professional

Table of Contents