Bosch Professional GPB 18V-5 C Manual page 175

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 15
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
Вашето радио може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истото.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку
акумулаторската батерија е испразнета, радиото се
исклучува со заштитен прекинувач.
Не го вклучувајте радиото повторно откако е
u
исклучено преку заштитниот прекинувач.
Батеријата може да се оштети.
Промена на акумулаторска батерија
Отворете ја рачката за заклучување (28) на капакот за
батеријата и отворете го капакот за батеријата (27).
За Отстранување на акумулаторската батерија
притиснете го копчето за отклучување на
акумулаторската батерија (25) и извлечете ја батеријата
од преградата за батерии. Притоа не употребувајте
сила.
За Вметнување на акумулаторската батерија, вметнете ја
истата во прифатот за батерии (29), така што
приклучоците на батеријата ќе легнат на приклучоците на
прифатот за батерија. Батеријата треба да се вклопи.
Затворете го капакот за батеријата (27) и заклучете го.
Приказ за наполнетост на батеријата
При вметната акумулаторска батерија, состојбата на
наполнетост на батеријата (26) можете да ја видите на
екранот, а при извадена батерија можете да ја видите на
самата акумулаторска батерија.
Приказ за состојба на наполнетост на
акумулаторската батерија на екранот
Приказот за состојба на наполнетост на акумулаторската
батерија (b) се појавува на екранот, веднаш штом се
вметне акумулаторска батерија со доволен напон и
радиото не е поврзано со струјна мрежа.
Приказ
Капацитет
80−100 %
60−80 %
40−60 %
20−40 %
5−20 %
0−5 %
Приказ за состојба на наполнетост на батеријата на
акумулаторската батерија
Ако ја извадите акумулаторската батерија од радиото,
состојбата на наполнетост може да се прикаже со зелени
LED-светилки на приказот за состојба на наполнетост на
акумулаторската батерија.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата,
или
, за да се прикаже наполнетоста.
Bosch Power Tools
Доколку по притискањето на копчето на приказот за
наполнетост на батеријата не свети LED светилка,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Тип на батерија GBA 18V...
LED светилки
Трајно светло 3× зелено
Трајно светло 2× зелено
Трајно светло 1× зелено
Трепкаво светло 1× зелено
Тип на батерија ProCORE18V...
LED светилки
Трајно светло 5× зелено
Трајно светло 4× зелено
Трајно светло 3× зелено
Трајно светло 2× зелено
Трајно светло 1× зелено
Трепкаво светло 1× зелено
Ставање/менување на резервни батерии
За зачувување на времето на часовникот и останати
поставки на радиото мора да се вметнат резервни
батерии. Притоа се препорачува користење на алкално-
мангански батерии.
Отворете ја рачката за заклучување (28) на капакот за
батеријата и отворете го капакот за батеријата (27).
Доколку е потребно извадете ја акумулаторската
батерија (26).
За отворање на капакот од преградата за батерии (24)
притиснете на механизмот за заклучување (23) и
извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги
испорачаните резервни батерии.
Притоа внимавајте на половите според приказот на
внатрешната страна од преградата за батерии.
Повторно ставете го капакот од преградата за
батерии (24).
"REPLACE AA BATTERY WHEN UNIT NO LONGER KEEPS
CORRECT TIME": Заменете ги резервните батерии,
доколку времето на радиото не може да се зачува.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Извадете ги резервните батерии од радиото
u
доколку не сте го користеле подолг период.
Доколку подолго време се чуваат во радиото,
резервните батерии може да кородираат и да се
испразнат.
Македонски | 175
Капацитет
60−100 %
30−60 %
5−30 %
0−5 %
Капацитет
80−100 %
60−80 %
40−60 %
20−40 %
5−20 %
0−5 %
1 609 92A 7T0 | (27.05.2022)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gpb 18v-5 sc

Table of Contents