Bosch GTS 10 XC Professional Original Instructions Manual page 380

Heavy duty
Hide thumbs Also See for GTS 10 XC Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 33
380 | Македонски
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Вклучување (види слика I1)
– Преклопете го сигурносниот поклопец (21) нагоре.
– За ставање во употреба, притиснете на зеленото копче
за вклучување (70).
Исклучување (види слика I2)
– Притиснете на сигурносниот поклопец (21).
Прекин на струја
Прекинувачот за вклучување-исклучување е таканаречен
прекинувач за нулта напон, кој спречува рестартирање
на електричниот алат по прекин на струја (на пр.
извлекување на струјниот кабел за време на работата).
За да може повторно да го користите електричниот алат,
одново притиснете на зеленото копче за вклучување
(70).
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
u
сечилото за пила во ниеден момент нема да ги
допре граничниците или другите делови на уредот.
Користете го електричниот алат за правење
u
жлебови или засеци само со соодветен заштитен
уред (на пр. тунелска заштитна хауба, притисен
чешел).
Не го користете електричниот алат за правење
u
процепи (жлеб што завршува во делот што се
обработува).
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го
изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Клинот за расцепување мора да биде во права линија со
сечилото за пила, за да се избегне заглавување на делот
што се обработува.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за
поставување на паралелниот граничник.
Секогаш чувајте ја водечката летва на електричниот алат.
Позиција на корисникот (види слика J)
Никогаш не стојте директно во линија со сечилото.
u
Секогаш позиционирајте го телото на иста страна со
сечилото, како паралелниот граничник. Одбивањето
може да го насочи делот што се обработува во близина
на лице кое стои пред и во иста линија со сечилото.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкото сечило за пила.
Притоа внимавајте на следниве напомени:
– Делот што се обработува држете го безбедно со двете
раце и цврсто притиснете го на масата за сечење.
– За тесни парчиња и за сечење на вертикални агли на
закосување секогаш користете ја испорачаната
подвижна водечка летва (13) и дополнителниот
паралелен граничник (52).
1 609 92A 5B8 | (15.07.2019)
Означување на линијата за сечење (види слика K)
– На тркалезната жолта налепница (5) исцртајте ја
дебелината на сечилото за пила.
Притоа, делот што се обработува може точно да го
позиционирате за сечење, без да го отворате
заштитниот поклопец.
Максимални димензии на делот што се обработува
вертикален агол на
макс. висина на делот што
закосување
45°
Сечење
Сечење на прави резови
– Поставете го паралелниот граничник (8) на саканата
ширина на резот (види „Поставување на паралелниот
граничник", Страница 379).
– Поставете го делот што се обработува на масата за
сечење пред заштитниот поклопец (6).
– Подигнете го или спуштете го сечилото за пила со
курблата (20) додека горните запци на сечилото за
пила (33) не се најдат околу 3 − 6 mm над делот што се
обработува.
– Вклучете го електричниот алат.
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
Ако извршите премногу притисок, шилците на
сечилото за пила може да се прегреат и да се нанесе
штета на делот што се обработува.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
Сечење на вертикални агли на закосување
– Поставете го саканиот вертикален агол на закосување
на сечилото за пила.
Кога сечилото за пилата е навалено налево,
паралелниот граничник (8) мора да биде од десната
страна на сечилото за пила.
– Следете ги работните чекори според: (види „Сечење
на прави резови", Страница 380)
Сечење со хоризонтален агол на закосување (види
слика L)
– Поставете го саканиот хоризонтален агол на
закосување на аголниот граничник (3).
– Поставете го делот за обработка на профилната шина
(34).
Профилот не смее да се наоѓа во линијата на сечење.
Во ваков случај олабавете ја назабената навртка (56) и
поместете ја профилната шина.
– Подигнете го или спуштете го сечилото за пила со
курблата (20) додека горните запци на сечилото за
пила (33) не се најдат околу 3−6 mm над делот за
обработување.
– Вклучете го електричниот алат.
се обработува [mm]
79
56
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents