Bosch GTS 10 XC Professional Original Instructions Manual page 376

Heavy duty
Hide thumbs Also See for GTS 10 XC Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 33
376 | Македонски
– Олабавете ја затезната дршка (51) на паралелниот
граничник (8). На тој начин се растеретува V-
водилката (44).
– Најпрво ставете го паралелниот граничник со V-
водилката во водечкиот жлеб (30) на масата за
сечење. Потоа позиционирајте го паралелниот
граничник во предниот водечки жлеб на сечилото на
пила (35).
Сега паралелниот граничник може да го поместувате
по желба.
– За фиксирање на паралелниот граничник притиснете
на затезната дршка (51) надолу.
Монтирање на дополнителниот паралелен граничник
(види слика g)
За сечење на тесни предмети и за сечење под
вертикален агол на закосување мора да се монтира
дополнителен паралелен граничник (52) на паралелниот
граничник (8).
По потреба, дополнителниот паралелен граничник може
да се монтира на левата или десната страна на
паралелниот граничник (8).
За монтажа користете го сетот за прицврстување
„Дополнителен паралелен граничник" (39) (2 завртки за
прицврстување, 2 подлошки, 2 пеперутка-навртки).
– Вметнете ги завртките за прицврстување низ
страничните отвори на паралелниот граничник (8).
– Главите на завртките служат како водилка на
дополнителниот паралелен граничник.
– Поместете го дополнителниот паралелен граничник
(52) над главите на завртките за прицврстување.
– Поставете ги подлошките на завртките за
прицврстување и затегнете ги завртките со помош на
пеперутка-навртките.
Монтирање на аголниот граничник (види слика h1 −
h2)
– Ставете ја шината (53) на аголниот граничник (3) во
жлебовите на водилката (9) предвидени за тоа на
масата за сечење.
Напомена: Позицијата на аголниот граничник може да се
фиксира во левиот водечки жлеб со затегнување на
завртката со нарецкана глава (54) на подвижните
лизгачи (2).
За подобро налегнување на долгите делови за обработка
аголниот граничник може да се прошири низ профилната
шина (34).
– По потреба монтирајте ја профилната шина со помош
на сетот за прицврстување (55) на аголниот
граничник.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
1 609 92A 5B8 | (15.07.2019)
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
За да избегнете опасност од пожар при сечење на
u
алуминиум, испразнете го исфрлувачот на
струготини и долниот поклопец за сечилото за пила
и не користете всисувач на струготини.
Надворешно всисување (види слика i)
Употребете го испорачаниот адаптер за всисување (41),
за да приклучите всисувач за прав на исфрлувачот на
струготини (40).
– Прицврстете го адаптерот за всисување (41) и
цревото на всисувачот за прав.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Чистење на долниот поклопец на сечилото за пила
(види слика j)
За отстранување на искршените парчиња на делот што се
обработува и големите струготини можете да го отворите
долниот поклопец на сечилото за пила (57).
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде
во состојба на мирување.
– Електричниот алат навалете го на страна.
– Олабавете ги двете завртки за прицврстување на
подната плоча (45) со клучот со внатрешна
шестаголна глава (37) и отворете го долниот
полклопец.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents