Download Print this page

Безбедносни Предупредувања - Electrolux LNT7ME34G1 User Manual

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Стари и неисправни фрижидери
• Доколку вашиот стар фрижидер има брава, скршете ја или тргнете ја, бидејќи децата
може да се заклучат во фрижидерот и да предизвикаат несреќа.
• Старите апарати користат материјал за изолација и рефригерант со ЦФЦ. Затоа,
внимавајте да не ја загадувате околината кога го фрлате стариот фрижидер.
Одлагање на стар апарат
Овој симбол на производот или на неговото пакување значи дека овој производ
не треба да се третира како отпад од домаќинство. Наместо тоа, треба да се
однесе во соодветен собирен центар за рециклирање на електрична и
електронска опрема. Производот треба да се фрли правилно. На тој начин ќе
спречите појава на потенцијални негативни последици за животната средина
и здравјето на луѓето кои би можеле да настанат поради несоодветно одлагање
на овој производ. За подетални информации околу рециклирањето на овој производ,
контактирајте со локалните овластени институции, службата за собирање отпад од
домаќинствата или продавницата каде што го купивте производот.
Забелешки:
• Прочитајте го внимателно прирачникот пред да го инсталирате и користите вашиот
уред. Нашата компанија нема да биде одговорна во случај на злоупотреба.
• Следете ги сите инструкции на уредот и во прирачникот, и чувајте го прирачников
на сигурно за да можете да решите идни можни проблеми.
• Овој уред е произведен за да се користи дома и може да се користи единствено така
и само за наведените намени. Не е погоден за комерцијална или општа употреба.
Ако се користи така, тоа ја поништува нашата гаранција и нашата компанија нема
да биде одговорна за настанатите штети.
• Овој уред е произведен за домашна употреба и погоден е само за ладење/чување
на храна. Не е погоден за комерцијална или општа употреба и/или за чување на
супстанци различни од храна. Нашата компанија не е одговорна за штети настанати
од непочитување на овие намени.
Безбедносни предупредувања
• Не користете продолжителен кабел или повеќевлезен штекер.
• Не вклучувајте оштетени, скинати или стари приклучоци.
• Немојте да го тргате, виткате или оштетувате кабелот.
• Не употребувајте продолжеток-адаптер.
• Уредот е наменет да се користи од страна на возрасни, не оставајте
им на децата да си играат со него или да висат на вратата.
• Не го фаќајте кабелот со влажни раце, опасност од струен удар!
MK -103-

Advertisement

loading