LG 65UH600V.AEE Owner's Manual page 293

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Испорачан елемент
Заштитен капак
Кога на телевизорот прикачувате носач за монтирање на ѕид,
вметнете ги одбојните елементи во отворите за монтирање на
телевизорот на ѕид, за да го прилагодите вертикалниот агол на
телевизорот. (Само кога е испорачан елемент во следната форма)
Испорачан елемент
Одбојни елементи за
монтирање на ѕид
Во зависност од обликот на држачот, користете рамен алат за
да го отстраните капакот на држачот како што е прикажано на
сликата подолу. (на пр. рамен шрафцигер)
(Само кога е испорачан елемент во следната форма)
Рамен алат
Поврзувања (известувања)
Поврзувајте различни надворешни уреди со телевизорот
и менувајте ги режимите за влезен сигнал за да изберете
надворешен уред. За повеќе информации околу поврзувањето на
надворешен уред, погледнете во упатството испорачано со секој
од уредите.
Достапни надворешни уреди се: HD ресивери, DVD плеери, VCR,
аудио системи, USB уреди за складирање, PC, уреди за игри и други
надворешни уреди.
ЗАБЕЛЕШКА
Поврзувањето со надворешниот уред може да се разликува во
зависност од моделот.
Надворешните уреди поврзувајте ги со телевизорот без оглед
на редоследот на TV приклучокот.
Ако снимате TV програма на DVD рекордер или VCR, кабелот
за влезен сигнал во телевизорот поврзете го преку DVD
рекордерот или VCR уредот. За повеќе информации околу
снимањето, погледнете во упатството испорачано со секој од
поврзаните уреди.
Упатства за ракување побарајте во прирачникот за
надворешната опрема.
Ако сакате да поврзете уред за игри со телевизорот, користете
го кабелот испорачан со уредот за игри.
Во PC режим, може да има шум поврзан со резолуцијата,
вертикалната шема, контрастот или осветленоста. Ако е
присутен шум, сменете го PC излезот на друга резолуција,
сменете ја стапката на обновување со друга стапка, или
прилагодувајте ги осветленоста и контрастот во менито СЛИКА
додека сликата не биде јасна.
Во PC режим, некои поставувања за резолуцијата може да
не функционираат правилно во зависност од графичката
картичка.
Ако на вашиот PC се репродуцираат ULTRA HD содржини, видео
или аудио записите може повремено да бидат испрекинати
во зависност од перформансите на вашиот PC. (Во зависност
од моделот)
Поврзување на антена
Поврзете го телевизорот со ѕиден приклучок за антена со RF кабел
(75 Ω).
За користење на повеќе од 2 телевизори употребете разделник
на сигнал.
Ако квалитетот на сликата е слаб, правилно инсталирајте
засилувач на сигнал за подобрување на квалитетот на сликата.
Ако квалитетот на сликата е слаб кога е поврзана антена,
обидете се да ја насочите антената во правилна насока.
Кабелот за антената и конвертерот не се испорачуваат.
Поддржано DTV аудио: MPEG, Dolby Digital, Dolby Digital Plus,
HE-AAC
За локација која не е поддржана со ULTRA HD емитување, овој
телевизор не може директно да прима ULTRA HD емитувања.
(Во зависност од моделот)
Поврзување со сателитска антена
(Само за сателитските модели)
Поврзете го телевизорот со сателитска антена преку приклучокот
за сателитска антена со сателитски RF кабел (75 Ω).
13

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents