LG 65UH600V.AEE Owner's Manual page 289

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ВНИМАНИЕ
За да обезбедите сигурно и долготрајно користење, немојте да
користите неодобрени предмети.
Какви било оштетувања или повреди настанати заради
употреба на неодобрени предмети не се опфатени со
гаранцијата.
Одредени модели на екранот имаат прилепен тенок слој и тој
не смее да се отстранува.
При прикачување на држачот на телевизорот, екранот
поставете го со лицето надолу на маса или рамна површина со
мека подлога за да се заштити екранот од гребење.
Обрнете внимание завртките да бидат правилно вметнати
и безбедно прицврстени. (Доколку тие не се доволно
прицврстени, телевизорот може да се накоси нанапред по
инсталирањето.) Немојте да употребувате премногу сила и
премногу да ги затегнувате завртките; во спротивно тие може
да се оштетат и да не бидат правилно прицврстени.
Не го отстранувајте екранот со прсти или со какви било алатки.
Во спротивно, производот може да се оштети. (Само UF84**)
Одделно купување
Додатоците со одделно купување можат да бидат променети
заради подобрување на квалитетот без претходно известување.
Обратете се до вашиот продавач за да ги набавите овие елементи.
Овие уреди работат само со одредени модели. Името на
моделот или дизајнот може да бидат променети во зависност
од ажурирањето на функциите на производот, потребите или
политиките на производителот.
(Во зависност од моделот)
AG-F***
AN-MR600
Очила за 3D кино
магичниот далечински
управувач
AN-VC550
Смарт камера
LG аудио уред
* За некои модели е потребен Wi-Fi/Bluetooth предавател за
користење на Далечински управувач за магично движење или
LG аудио уред.
* Поддржаните модели за Wi-Fi/Bluetooth предавателот се
различни во зависност од моделот.
Одржување
Чистење на телевизорот
Редовно вршете чистење на вашиот телевизор за да добиете
најдобри перформанси и да го продолжите работниот век.
Прво, не заборавајте да го исклучите напојувањето и да го
откачите кабелот за напојување и сите други кабли.
Кога телевизорот треба да биде оставен без надзор или
нема да се користи подолго време, откачете го кабелот
за напојување од ѕидниот штекер за да спречите можно
оштетување од гром или електрични удари.
Екран, рамка, куќиште и држач
За да извршите отстранување на прав и мали нечистотии,
избришете ја површината со сува чиста и мека ткаенина.
За да извршите отстранување на поголеми нечистотии, избришете
ја површината со мека ткаенина натопена во чиста вода или
разреден мек детергент. Веднаш потоа пребришете со сува
ткаенина.
Избегнувајте секакво допирање на екранот, бидејќи тоа може
да резултира во оштетување на екранот.
Немојте да ја триете или удирате површината на екранот
со вашите нокти или остри предмети, бидејќи тоа може да
предизвика гребење на екранот и изобличување на сликата.
Немојте да користите какви било хемиски средства бидејќи
тие може да го оштетат производот.
Немојте да прскате течност на површината. Доколку
во телевизорот навлезе вода, може да дојде до пожар,
електричен удар или неисправност.
Кабел за напојување
Редовно отстранувајте ја акумулираната прашина и нечистотиите
од кабелот за напојување.
AG-F***DP
Очила за двојно
играње
AN-WF500
Wi-Fi/Bluetooth
предавател
9

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents