LG 65UH600V.AEE Owner's Manual page 290

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Подигнување и пренесување
на телевизорот
При пренесување или подигнување на телевизорот, прочитајте ги
следните напатствија за да се спречи гребење или оштетување на
телевизорот и за безбедно пренесување без оглед на видот и големината.
Се препорачува телевизорот да се пренесува во кутијата или материјалот
за пакување во кои телевизорот оригинално бил испорачан.
Пред преместување или подигнување на телевизорот,
откачете го кабелот за напојување и сите кабли.
Кога го држите телевизорот, екранот треба да биде завртен
спротивно од вашето тело за да се избегне оштетување.
Цврсто држете го горниот и долниот дел од рамката на
телевизорот. Внимавајте да не ги држите проѕирниот дел,
звучникот или делот за решетка на звучникот.
При пренесување на голем телевизор, потребно е учество на
најмалку 2 лица.
При рачно пренесување на телевизорот, држете го
телевизорот како што е прикажано на следната слика.
При пренесување на телевизорот, немојте да го изложувате на
нишање или прекумерни вибрации.
При пренесување на телевизорот, задржете го во исправена
положба, никогаш немојте да го завртувате странично или да
го накосувате налево или надесно.
Не применувајте прекумерен притисок кој би предизвикал
превиткување/закривување на рамката на куќиштето, бидејќи
тоа може да го оштети екранот.
При ракување и пренесување на телевизорот, внимавајте да
не го оштетите испакнатото џојстик копче.
ВНИМАНИЕ
Избегнувајте секакво допирање на екранот, бидејќи тоа може
да резултира во оштетување на екранот.
Немојте да го преместувате телевизорот држејќи го за
држачите за кабли, бидејќи држачите за кабли може да се
скинат и да дојде до повреда и оштетување на телевизорот.
10
Користење на џојстик копчето
(Прикажаната слика може да се разликува од вашиот телевизор.)
Преку притиснување или поместување на џојстик копчето нагоре, надолу, налево
или надесно, ќе можете едноставно да управувате со функциите на телевизорот.
ЗАБЕЛЕШКА
Серијата UF64 нема џојстик копче, туку само копчиња за вклучување/
исклучување на напојувањето.
Џојстик копче
Основни функции
Кога телевизорот е исклучен,
поставете го прстот на џојстик
Вклучување
копчето, притиснете го еднаш и
отпуштете го.
Кога телевизорот е вклучен,
поставете го прстот на џојстик
копчето, притиснете го еднаш
Исклучување
во траење од неколку секунди
и отпуштете го. Сите активни
апликации ќе се затворат, а
снимањата кои се во тек ќе запрат.
Доколку го поставите прстот на
Контрола на
џојстик копчето и го притиснете
јачината на
налево или надесно, ќе можете да
звук
ја прилагодите јачината на звукот
на саканото ниво.
Доколку го поставите прстот на
Контрола на
џојстик копчето и го притиснете
програмите
нагоре или надолу, ќе можете да се
движите низ зачуваните програми.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents