LG OLED55E7N Safety And Reference page 199

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
• Не испуштајте метални објекти како што се метални парички,
шноли, или жица во производот, или запаливи објекти како
што се хартија и чкорчиња од кибрит. Децата треба особено да
внимаваат. Може да дојде до струен удар, пожар или повреда.
Доколку надворешен предмет се испушти во производот,
исклучете го струјниот кабел и контактирајте со сервисниот
центар.
• Не прскајте вода на производот и не чистете го со запаливи
материи (разредувач или бензол). Може да дојде до пожар или
струен удар.
• Не дозволувајте удирање или паѓање на објекти во производот
и не фрлајте предмети кон екранот. Би можеле да се повредите
или производот може да се оштети.
• Никогаш не допирајте го овој производ или антената за време на
грмотевици или молњи. Може да добиете струен удар.
• Никогаш не допирајте го штекерот на ѕидот кога постои
испуштање на гас - отворете ги прозорците и проветрете. Тоа
може да предизвика пожар или запалување со искра.
• Не расклопувајте, поправајте или модифицирајте го сами
производот. Може да дојде до пожар или струен удар.
Контактирајте го сервисниот центар за проверка, калибрација
или поправка.
• Ако се случи нешто од подолу наведеното, веднаш исклучете го
производот од напојување и обратете се до локалниот сервисен
центар.
- Производот е оштетен
- Туѓи тела се навлезени во производот
- Производот испушта чад или чуден мирис
Ова може да предизвика пожар или електричен удар.
• Ако немате намера да го користите производот подолго време,
исклучете го струјниот кабел од производот. Наталожената
прашина може да предизвика пожар или поради оштетена
изолација може да дојде до истекување на електрична струја,
струен удар или пожар.
• Уредот не би требало да се изложува на капење или прскање и на
него не треба да се поставуваат предмети наполнети со течности,
како на пр. вазни.
• Не инсталирајте го овој производ на ѕид, доколку таму може да
се изложи на масло или масни честички. Тоа може да предизвика
оштетување и паѓање на производот.
• Доколку вода или некоја друга супстанца навлезе во производот
(на пр. во AC адаптерот, кабелот за напојување, телевизорот),
исклучете го кабелот за напојување и веднаш обратете се до
центарот за услуги. Во спротивно, би можело да дојде до пожар
или електричен удар.
• Користете само AC адаптер и кабел за напојување одобрени од
LG Electronics. Во спротивно, тоа може да предизвика пожар,
електричен удар, неисправно функционирање или деформирање
на производот.
• Никогаш не расклопувајте го AC адаптерот или кабелот за
напојување. Ова може да предизвика пожар или електричен
удар.
• Внимателно ракувајте со адаптерот за да спречите надворешни
удари. Надворешниот удар може да предизвика оштетување на
адаптерот.
• Проверете дали кабелот за напојување е цврсто приклучен на
приклучокот за напојување на телевизорот.
• Инсталирајте го производот на места каде што нема радио
бранови.
• Треба да има доволно растојание помеѓу надворешната антена
и електричниот вод за да се спречи контакт меѓу нив дури и ако
антената падне. Тоа би можело да предизвика електричен удар.
• Не инсталирајте го производот на места како нестабилни
полици или закосени површини. Исто така, избегнувајте места
каде постојат вибрации или каде производот не би имал добра
подлога. Во спротивно, производот може да падне или да се
преврти, што може да предизвика повреди или оштетување на
производот.
• Ако го инсталирате телевизорот на држач, потребно е да се
преземат мерки за да се спречи превртување на производот. Во
спротивно, производот може да падне и да предизвика повреди.
• Ако имате намера производот да го монтирате на ѕид, на задната
страна од производот прикачете рамка за монтирање усогласена
со VESA стандардот (опционален дел). При инсталирање на
уредот со користење на носач за на ѕид (опционален дел),
внимателно прицврстете го за да не дојде до паѓање.
• Користете само додатоци / опрема наведени од производителот.
• При инсталирање на антената, обратете се до квалификуван
сервисер. Може да дојде до опасност од пожар или електричен
удар.
• Кога гледате телевизија, ви препорачуваме да се наоѓате на
растојание барем 2 до 7 пати поголемо од дијагоналата на
екранот. Доколку гледате телевизија подолг период, тоа може да
предизвика заматување на видот.
• Користете го само одредениот тип на батерии. Во спротивно, би
можело да дојде до оштетување на далечинскиот управувач.
• Не мешајте ги новите со старите батерии. Тоа може да
предизвика прегревање и истекување на батериите.
• Батериите не треба да бидат изложени на прекумерна топлина.
На пример: да се чуваат подалеку од директна сончева светлина,
отворени камини и електрични греалки.
• Сигналот од далечинскиот управувач може да биде попречен од
сончева светлина или друг вид силна светлина. Во овој случај,
затемнете ја собата.
• При поврзување надворешни уреди како конзоли за видео
игри, проверете дали каблите за поврзување се доволно долги.
Во спротивно, производот може да се преврти, што може да
предизвика повреди или оштетување на производот.
• Не вклучувајте/исклучувајте го уредот со вметнување
или вадење на струјниот кабел од штекерот на ѕидот. (Не
употребувајте го приклучокот на струјниот кабел како
прекинувач.) Тоа би можело да предизвика механичко
оштетување или пак струен удар.
3

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Oled65b7Oled55c7Oled65c7Oled65e7Oled55e7Oled55b7

Table of Contents