Важно; Безбедност - Philips 4000i Series User Manual

Hide thumbs Also See for 4000i Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
1.
Важно
Безбедност
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред употребата на апаратот и зачувајте го
за во иднина.
За да обезбедите најдобри перформанси, проверете дали вашиот пречистувач е надграден со
најновата верзија. Оваа надградба можете да ја извршите преку апликацијата Clean Home+.
Опасност
Немојте да го чистите апаратот со вода, некоја друга течност или (запалив) детергент и
внимавајте да не навлезат во апаратот за да се избегне опасност од струен удар и/или пожар.
Немојте да прскате со запаливи материјали како што се инсектициди или парфеми околу
апаратот.
Предупредување
Пред да го приклучите апаратот проверете дали напонот наведен на апаратот одговара на
напонот на локалната електрична мрежа.
Избегнувајте да го поставувате кабелот за напојување на прометно место и спроведете го на
место каде што нема да можете да се сопнете од него.
Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени компанијата Philips,
односно сервисен центар овластен од Philips или лица со соодветни квалификации за да се
избегне опасност.
Немојте да го користите апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за напојување или
самиот апарат.
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички,
сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, под
услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги
разбираат можните опасности. Децата под 8 години не смеат да се доближуваат до апаратот
без надзор на возрасно лице.
Децата не смеат да си играат со апаратот.
Децата не смеат да го чистат и одржуваат апаратот без надзор.
Немојте да го блокирате влезот или излезот за воздух, на пр. со поставување на предмети на
излезот за воздух или пред влезот за воздух.
Внимавајте да не паднат надворешни предмети во апаратот преку излезот за воздух.
Немојте да го загревате филтерот или апаратот за да избегнете оштетување на уредот или
опасност од пожар.
Немојте да го чистите филтерот со прскање течности, тоа може да ја оштети внатрешната
структура на филтерот.
Стандарден интерфејс за Wi-Fi врз основа на 802.11b/g/n на 2,4 GHz со максимална излезна
моќност од 31,62 mW EIRP.
Внимание
Овој апарат не го заменува соодветното проветрување, редовното чистење со
правосмукалка или користењето на кујнски аспиратор или вентилатор при готвењето.
Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува, стабилна, рамна и хоризонтална
површина.
Оставете најмалку 20 cm слободен простор околу апаратот и најмалку 30 cm слободен
простор над апаратот.
Немојте да седите или да стоите врз апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот.
Не поставувајте го апаратот директно под климатизер за да спречите капење вода врз
апаратот поради кондензацијата.
Носете маска и ракавици кога ја чистите површината на филтерот и/или кога го заменувате
филтерот.
134 МК

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ac3854Ac3858Ac3854/51Ac3858/51

Table of Contents