Bosch Professional GRL 400 H Original Instructions Manual page 174

Hide thumbs Also See for Professional GRL 400 H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 14
174 | Македонски
Ако е вклучена функцијата за предупредување за удар,
ќе се активира по околу 30 s.
Поставката на функцијата за предупредување за удар се
зачувува при исклучување на мерниот уред.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Се препорачува мерниот уред да го користите на статив
за да ги минимизирате термичките влијанија од топлината
што се крева од подот. Доколку е возможно, поставувате
го мерниот уред во средината на работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр.
падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го
надмине максималното отстапување, тогаш треба да се
поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на нивелирање
За веродостоен и точен резултат се препорачува
проверката на точноста на нивелирање да се изведе на
слободна мерна линија од 30 m на цврста подлога пред
ѕид. Спроведете целосна мерна постапка за двете оски.
– Монтирајте го мерниот уред 30 m на растојание од
ѕидот на статив или поставете го на цврста, рамна
подлога. Вклучете го мерниот уред.
30 m
– По завршување на нивелирањето означете ја
средината на ласерскиот зрак на ѕидот (точка I).
d
– Вртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените
неговата позиција. Оставете го да се нивелира и
обележете ја средината на ласерскиот зрак на ѕидот
1 609 92A 73P | (13.01.2022)
(точка II). Внимавајте на тоа, точката Ⅱ да лежи што е
можно повертикално над одн. под точката Ⅰ.
Разликата d на двете означени точки Ⅰ и Ⅱ на ѕидот го дава
фактичкото отстапување од висината на мерниот уред за
измерената оска.
Повторете ја мерната постапка за другата оска. Вртете го
мерниот уред пред почетокот на мерната постапка за 90°.
На мерна линија од 30 m максималното дозволено
отстапување изнесува:
30 m × ±0,08 mm/m = ±2,4 mm. Разликата d меѓу
точките Ⅰ и Ⅱ кај секоја од двете мерни постапки смее да
изнесува најмногу 4,8 mm.
Работни напомени за ротационен ласер
За обележување, секогаш користете ја само
u
средината на ласерската линија. Ширината на
ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Работење со целна табла за ласерот
Целната табла за ласерот (32) ја подобрува видливоста
на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката површина на целната табла на
ласерот (32) ја подобрува видливоста на ласерската
линија, низ транспарентната површина ласерската линија
е видлива и од задната страна на целната табла на
ласерот.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
5/8"-прифатот на стативот (9) на навојот на
стативот (25). Зацврстете го мерниот уред со завртка за
фиксирање на стативот.
Кај статив со мерна скала на извлекување може директно
да го подесите отстапувањето по висина.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Работење со мерна летва (опрема) (види слика D)
За контрола на рамнини или за нанесување на косини се
препорачува користење на мерна летва (26) заедно со
ласерскиот приемник.
На мерната летва (26) горе има нанесено релативна
мерна скала. Нејзината нулта висина може да ја изберете
долу на излезот. На тој начин директно се отчитуваат
180°
отстапувањата од зададената висина.
Ласерски заштитни очила (опрема)
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната
светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа
посветло за окото.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
(дополнителна опрема) како заштитни очила.
Ласерските заштитни очила служат за подобро
распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не
штитат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
(дополнителна опрема) како очила за сонце или
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional lr 131651406044063165140923514Grl 400 h professionalGrl 400 lr 1 professional

Table of Contents