Makita GD0800C Instruction Manual page 26

Die grinder
Hide thumbs Also See for GD0800C:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
28.2.2015
Yasushi Fukaya
Директор
Makita, Jan-Baptist Vinkstraat 2, 3070, Belgium
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања и сите упатства.
Ако не се почитуваат предупредувањата и
упатствата, може да дојде до струен удар, пожар
или тешки повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и
упатства за да можете повторно да ги
прочитате.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ЗА БРУСИЛКАТА
Општи безбедносни предупредувања за брусење:
1.
Овој електричен алат е наменет да
работи како брусилка. Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со овој
електричен алат.Доколку не се почитуваат
сите упатства наведени подолу, може да дојде
до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
2.
Не се препорачува да се врши пескарење,
стружење со жица, полирање или
отсекување со овој алат. Операциите за кои
алатот не е наменет можат да предизвикаат
опасност и физички повреди.
3.
Не користете додатоци што не се посебно одредени
и препорачани од производителот на алатот. Тоа
што некој додаток може да се монтира на алатот не
значи дека работата со него ќе биде безбедна.
Номиналната брзина на додатокот мора
4.
да биде барем еднаква со максималната
брзина означена на алатот. Додатоци што се
вртат побрзо од номиналната брзина може да
се скршат и да се распрскаат.
Надворешниот дијаметар и дебелината на
5.
вашиот додаток мора да се во рамките на
номиналниот капацитет на вашиот алат.
Додатоци со неправилна големина не можат
соодветно да се контролираат.
6.
Големината на дупчето за прицврстување
додатоци мора правилно да одговара
на вретеното на алатот. Додатоци што не
соодветствуваат на монтажната опрема на алатот ќе
бидат неврамнотежени, ќе вибрираат прекумерно и
може да предизвикаат губење контрола.
Додатоците, кои се монтираат со вретено, мора
7.
да бидат целосно вметнати во ракавот или
клинот. Ако вретеното се држи недоволно цврсто
и/или делот на тркалото што стрчи е предолг,
монтираниот додаток може да се разлабави и да
биде исфрлен со голема брзина.
8.
Не користете оштетени додатоци. Пред
секоја употреба, проверете ги додатоците
да не се скршени или напукнати. Ако алатот
или додатокот Ви падне, проверете дали
има оштетувања или ставете неоштетен
додаток. Откако ќе го проверите и ќе го
наместите додатокот, тргнете се Вие и
околните лица подалеку од рамнината на
вртливиот додаток и ракувајте со алатот
при максимална неоптоварена брзина една
минута. Оштетените додатоци обично се
распаѓаат за време на овој пробен период.
9.
Носете заштитна опрема. Зависно од
примената, користете заштита за лицето,
безбедносни затемнети очила или заштитни
очила. Зависно од работата, носете маска
за прашина, ракавици и работна престилка
што може да сопре мали отпадоци од
брусење или стругање. Заштитата за очи
треба да сопира разлетан отпад произведен
од работата. Маската за прашина или
респираторот треба да можат да ги филтрираат
честичките што ги произведува вашата работа.
Подолга изложеност на голема бучава може да
предизвика оштетување на слухот.
10. Присутните лица треба да се на безбедна
оддалеченост од работното подрачје.
Секој што влегува во работното подрачје
треба да носи заштитна опрема. Парчиња
од обработуваниот материјал или од скршен
додаток може да одлетаат и да предизвикаат
повреди надвор од непосредното работно
подрачје.
11.
Држете го алатот само за изолираните
држачи кога вршите работи кога додатокот
за сечење може да дојде во допир со
скриени жици или сопствениот кабел.
Додаток за сечење што ќе допре жица
под напон може да ја пренесе струјата до
металните делови на алатот и да предизвика
струен удар на операторот.
12. Секогаш цврсто држете го алатот во
вашата рака(це) за време на вклучувањето.
Торзионата рекација на моторот, како што
забрзува до максималната брзина, може да
предизвика извиткување на алатот.
13. Користете стеги за прицврстување на
материјалот кога тоа е практично. Никогаш
не држете мал материјал со едната
рака, а алатот со другата рака додека
го употребувате. Со прицврстување на
материјалот со стеги ви се овозможува да ја
користите вашата рака(це) за контролирање
на алатот. Кружните материјали, како што се
дрвени клинови, цевки или цевести материјали,
имаат тенденција да се тркалаат додека се
сечат и може да предизвикаат втичникот да
заглави или да отскокне кон вас.
14. Поставете го кабелот подалеку од вртливиот
додаток. Ако изгубите контрола, кабелот може да се
пресече или повлече и раката или дланката може да
ви се повлечат во вртливиот додаток.
15. Не одложувајте го алатот додека додатокот
не сопре сосема. Вртливиот додаток може да
ја зафати површината и да го извлече алатот
од контрола.
26 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Gd0810c

Table of Contents