Makita 4101RH Instruction Manual page 37

Hide thumbs Also See for 4101RH:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или проверка на
алатот проверете дали е исклучен и откачен од
струја.
Преносен заштитен струен склоп
Слика1
Поврзете го алатот во напојување и тестирајте го
Преносниот заштитен струен склоп (PRCD) пред
употреба на алатот. Притиснете го копчето „РЕСЕТ" или
„ON" и уверете се дека контролната ламба свети.
Притиснете го копчето „ТЕСТ" и уверете се дека
контролната ламба се исклучува. Притиснете го копчето
„РЕСЕТ" или „ON" повторно за да го користите алатот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не употребувајте го алатот ако контролната
ламба не се исклучува кога ќе се притисне
копчето „ТЕСТ".
Дотерување на длабочината на сечењето
Слика2
Олабавете ја крилестата завртка на граничникот за
длабочина и поместете ја основата нагоре или надолу.
На саканата длабочина за сечење, прицврстете ја
основата со стегање на крилестата завртка.
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе ја дотерате длабочината за сечење,
секогаш цврсто затегнувајте ја крилестата завртка.
Прилагодување на аголот на сечење
Слика3
Олабавете ја крилестата навртка на скалата за косо
сечење од предниот дел на основата. Поставете го
саканиот агол (0° - 45°) со соодветно навалување, а
потоа стегнете ја крилестата навртка.
Олабавете ја крилестата завртка на граничникот за
длабочина и поместете ја основата така што крајот
на куќиштето на сечилото да е над црвената линија
на граничникот за длабочина. Потоа стегнете ја
крилестата завртка за да ја прицврстите основата.
Слика4
НАПОМЕНА:
Ако крајот на куќиштето на сечилото е под
црвената линија на граничникот за длабочина,
надворешната фланша може да удри во работниот
материјал кога изведувате косо сечење.
Нишанење
Слика5
За праволиниско сечење, порамнете ја положбата
„А" на предниот дел од основата со вашата линија за
сечење. За косо сечење под агол од 45°, порамнете
ја со положбата „B".
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приклучите кабелот во мрежата,
проверете го прекинувачот дали функционира
правилно и дали се враќа во положбата
„OFF" кога ќе се отпушти.
Слика6
За да не дојде до случајно притискање на
прекинувачот, алатот има копче за забравување.
За да го стартувате алатот, притиснете го копчето за
отклучување и притиснете го прекинувачот. Отпуштете
го прекинувачот за исклучување на алатот.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на алатот, проверете
дали е исклучен и откачен од струја.
Ставање и вадење дијамантско тркало
Слика7
Задржете ја надворешната фланша со клучот и
олабавете
ја
имбус-завртката
стрелките на часовникот со имбус-клучот. Потоа
извадете ги имбус-завртката, надворешната фланша
и дијамантското тркало.
Монтирајте ги дијамантското тркало, надворешната
фланша и имбус-завртката на вретеното. Задржете
ја надворешната фланша со клучот и стегнете ја
имбус-завртката во насока спротивна на стрелките
на часовникот со имбус-клучот. МОРА ДОБРО ДА ЈА
СТЕГНЕТЕ ИМБУС-ЗАВРТКАТА.
Слика8
ВНИМАНИЕ:
Користете само клуч Makita за ставање или
вадење на тркалото.
Монтирање на цевката за вода
Слика9
Прво, откачете го алатот од напојување. Олабавете
ја крилестата завртка на граничникот за длабочина и
поместете ја основата надолу. Монтирајте ја цевката
за вода на куќиштето на сечилото со помош на
завртката.
Прикачете ја пластичната цевка на цевката за вода и
прикачете го адаптерот на пластичната цевка во
чешма за довод на вода под притисок. Прилагодете
го нивото на проток на вода со вртење на славината
на чешмата.
Монтирање на капак (A)
Слика10
Монтирајте го капакот (A) на алатот така што
неговата страна со ознаката „Исправено
свртена нагоре.
37
во
насока
на
" да е

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents