2.
Поставете ја основата да биде во нормална
положба или на 45° од сечилото на циркуларната
пила со помош на триаголен линијар, вртејќи ги
шрафовите за нагодување со имбус-клуч. Може да
користите и правоаголен линијар за да нагодите
агол од 0°.
► Сл.49: 1. Триаголен линијар
► Сл.50: 1. Шраф за нагодување за агол од 0°
2. Шраф за нагодување за агол од 45°
3.
Стегнете ги стезните шрафови и пробно
исечете за да проверите дали се добива саканиот
агол.
Нагодување на водилката за
длабочина
Доколку основата не се лизга непречено нагоре
или надолу, водилката за длабочина може да
е навалена. Може да ја нагодите водилката за
длабочина на следниов начин:
1.
Поставете ја основата да биде во нормална
положба и поставете ја длабочината на засекот
на најдлабока.
2.
Олабавете ги шрафовите за нагодување за
водилката за длабочина со имбус-клуч.
Водилката за длабочина автоматски ја
нагодува својата позиција.
3.
Затегнете ги шрафовите за нагодување за
водилката за длабочина.
4.
Нагодете ја паралелноста погледнувајќи во
делот за паралелност.
► Сл.51: 1. Шрафови за нагодување за водилката
за длабочина
Прилагодување на паралелност
ВНИМАНИЕ:
Одржувајте ја прецизноста
на паралелноста. Во спротивно, сечилото на
циркуларната пила може да ја нагризе шината-
водилка, а оштетената шина-водилка може да
предизвика повреда.
Ова прилагодување е направено фабрички. Но ако
е изместено, можете да го прилагодите со следнава
постапка.
1.
Поставете го алатот на максимална длабочина
на засекот.
2.
Осигурете се дека сите рачки и шрафови се
стегнати.
3.
Олабавете ги шрафовите како што е покажано
на сликата.
4.
Додека го отворате долниот заштитник,
поместете го задниот дел на основата, така што
растојанието на А и В да биде еднакво.
► Сл.52: 1. Шраф 2. Основа
5.
Стегнете ги завртките и пробно исечете за да ја
проверите паралелноста.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Сечило на циркуларната пила
•
Шина-водилка
•
Водилка за косина
•
Стега
•
Подлога
•
Гумена подлога
•
Подлога за положба
•
Имбус-клуч
•
Безжичен уред
•
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
101 МАКЕДОНСКИ
Овој прибор или додатоци