Makita DHS660 Instruction Manual page 80

Hide thumbs Also See for DHS660:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Кука
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
Секогаш вадете ја батеријата
кога го закачувате алатот со куката.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не закачувајте го
алатот на високи места или на површини каде
што може да ја загуби рамнотежата и да падне.
ВНИМАНИЕ:
Не влечете го алатот надолу
кога е прикачен на куката.
Куката е практична за привремено закачување на алатот.
► Сл.18
Прикачете ја куката со шрафовите како што е
прикажано на сликата.
► Сл.19: 1. Кука 2. Шраф
За да ја употребите куката, едноставно вртете ја
додека не влезе во отворена положба.
Кога куката не се користи, секогаш вртете ја додека
не застане во затворена положба.
► Сл.20: 1. Отворена положба 2. Затворена положба
Електронска функција
Алатите опремени со електронска функција се
лесни за работа поради следниве функции.
Одлика за меко стартување
Започнете меко заради потиснатиот почетен удар.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Складирање на имбус-клучот
Кога не се користи, складирајте го имбус-клучот како
што е покажано на сликата за да не го изгубите.
► Сл.21: 1. Имбус-клуч
Отстранување или поставување
сечило на циркуларната пила
ВНИМАНИЕ:
Уверете се дека сечилото на
циркуларната пила е монтирано со запците
насочени нагоре кон предниот дел на алатот.
ВНИМАНИЕ:
Користете само клуч Makita за
ставање или вадење на сечилото на циркуларната пила.
За да го извадите сечилото на циркуларната пила,
притиснете ја блокадата на оската целосно, така што
сечилото на циркуларната пила не може да се врти
и употребете го имбус-клучот за олабавување на
шестаголната завртка. Потоа, извадете ги шестаголната
завртка, прстенот (зависно од државата), надворешната
фланша и сечилото на циркуларната пила.
► Сл.22: 1. Блокада на оската 2. Имбус-клуч
3. Олабавување 4. Стегнување
За алат без прстен
► Сл.23: 1. Шестаголна завртка 2. Надворешна
фланша 3. Сечило на циркуларната пила
4. Внатрешна фланша
За алат со прстен
► Сл.24: 1. Шестаголна завртка 2. Надворешна
фланша 3. Сечило на циркуларната пила
4. Прстен 5. Внатрешна фланша
За да го наместите сечилото на циркуларната пила, следете
ја постапката за отстранување по обратен редослед.
За алат со внатрешна фланша
за сечило различно од оние со
дијаметар на отворот од 15,88 mm
Внатрешната фланша има одредена испакнатина
од дијаметарот на една страна и друга испакнатина
на другата страна. Изберете ја правилната страна
со испакнатината што идеално одговара на отворот
на сечилото. Монтирајте ја внатрешната фланша
врз монтажната оска, така што правилната страна
со испакнатината на внатрешната фланша да биде
свртена нанадвор, а потоа поставете ги сечилото и
надворешната фланша.
► Сл.25: 1. Монтажна оска 2. Внатрешна фланша
3. Сечило на циркуларната пила
4. Надворешна фланша 5. Шестаголна
завртка
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ДОБРО ДА ЈА ЗАТЕГНЕТЕ ШЕСТОАГОЛНАТА
ЗАВРТКА ВРТЕЈЌИ ЈА НАДЕСНО. Исто така,
внимавајте да не ја затегнувате завртката со
сила. Лизгањето на раката од имбус-клучот
може да предизвика телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
испакнатината „a" на внатрешната фланша
што е поставена надвор, идеално одговара
на отворот на сечилото „a". Ако сечилото се
монтира на погрешната страна, може да настанат
опасни вибрации.
За алат со внатрешна фланша за
сечило на пила со дијаметар на
отворот од 15,88 mm (зависи од
државата)
Монтирајте ја внатрешната фланша на монтажната
оска со издадената страна свртена нанадвор,
а потоа поставете ги сечилото на пилата (ако е
потребно, со прицврстениот прстен), надворешната
фланша и шестаголната завртка.
За алат без прстен
► Сл.26: 1. Монтажна оска 2. Внатрешна фланша
3. Сечило на циркуларната пила
4. Надворешна фланша 5. Шестаголна
завртка
За алат со прстен
► Сл.27: 1. Монтажна оска 2. Внатрешна фланша
3. Сечило на циркуларната пила
4. Надворешна фланша 5. Шестаголна
завртка 6. Прстен
80 МАКЕДОНСКИ
ВНИМАВАЈТЕ
Осигурете се дека

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dhs661Dhs661zuDhs660zDhs660rtj

Table of Contents