Makita UB400MP Original Instruction Manual page 188

Blower attachment
Hide thumbs Also See for UB400MP:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
6.
Не изложувајте ја дувалката на дожд.
Складирајте ја дувалката во затворен простор.
7.
Кога ќе ја подигнувате дувалката, свиткајте
ги колената и внимавајте да не си го
повредите грбот.
8.
За да се намали ризикот од оган, никогаш не
сервисирајте ја опремата во близина на оган.
Секогаш чистете ги прашината и
9.
нечистотиите од опремата. За таа цел,
никогаш не користете бензин, бензол,
разредувач, алкохол или слично. Може да
дојде до менување на бојата, на обликот или
пукнатини на пластичните компоненти.
10. По секоја употреба, стегнете ги сите
шрафови и навртки, освен оние за
нагодување на карбураторот.
11.
Не обидувајте се да извршувате какво било
одржување или поправки што не се опишани во
оваа брошура или во прирачникот со упатства
на уредот за напојување. За такви работи,
обратете се кај наш овластен сервисен центар.
12. Следете ги упатствата за подмачкување и
замена на додатоците.
13. Секогаш користете исклучиво оригинални
резервни делови и прибор. Употребата на
резервни делови или прибор од трета страна
може да резултира со кршење на опремата,
оштетување на имотот и/или тешка повреда.
14. Побарајте го нашиот овластен сервисен
центар за проверка и одржување на
машината во редовни интервали.
15. Пред да ја складирате машината, извршете
целосно чистење и одржување. Извадете
го капачето на свеќичката или касетата за
батеријата. Исцедете го горивото откако
моторот ќе се излади.
16. Не потпирајте ја опремата на нешта како на
пример на ѕид. Во спротивно, може ненадејно
да падне и да предизвика повреда.
Користење и грижа за алатот на батерии
1.
Полнете само со полначот одреден од страна
на производителот. Полнач што е соодветен
за еден тип батерија може да создаде ризик од
пожар кога се користи со друга батерија.
2.
Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда или пожар.
Кога батеријата не се користи, држете ја
3.
настрана од други метални предмети,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
шрафови или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок. Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
4.
При случаи на злоупотреба, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте
контакт со неа. Ако дојде до ненамерен
контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде
во допир со очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течноста што истекла од
батеријата може да предизвика иритација или
изгореници.
5.
Не користете батерии или алат што се
оштетени или менувани. Оштетените или
менуваните батерии може да прикажуваат
непредвидливо однесување што резултира со
оган, експлозија или опасност од повреда.
6.
Не изложувајте ги батериите или алатот
на оган или прекумерна температура.
Изложувањето на оган или температура над
130°C може да предизвика експлозија.
Следете ги сите упатства за полнење
7.
и не полнете ги батериите или алатот
надвор од температурниот опсег наведен
во упатството. Неправилното менување
или менувањето на температури надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата
и да ја зголеми опасноста од оган.
Безбедност на електричните делови и батеријата
1.
Не фрлајте ги батериите во оган. Ќелијата
може да експлодира. Проверете ги локалните
прописи за можни упатства за специјален отпад.
2.
Не отворајте ги и не уништувајте ги батериите.
Електролитот што се ослободува е корозивен и
може да предизвика оштетување на очите или
кожата. Може да е токсичен ако се голтне.
3.
Не полнете ја батеријата на дожд или на
влажни места.
Не полнете ја батеријата надвор.
4.
5.
Не држете го полначот, вклучувајќи го и
приклучокот за полначот и терминалите на
полначот со влажни раце.
Сервисирање
1.
Вашиот електричен алат сервисирајте го кај
квалификувано лице за поправки, кое користи само
идентични резервни делови. Така ќе бидете сигурни
дека електричниот алат и понатаму е безбеден.
2.
Никогаш не сервисирајте оштетени
батерии. Сервисирањето на батериите треба
да ги извршува само производителот или
овластените сервисери.
Прва помош
1.
Во случај на несреќа, осигурете се дека во близина
на местото на работење имате достапен прибор за
прва помош. Веднаш заменете ги искористените
предмети од приборот за прва помош.
Кога барате помош, дајте ги следниве
2.
информации:
Местото на несреќата
Што се случило
Број на повредени лица
Типот на повреди
Вашето име
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или познавањето
на производот (стекнати со подолга употреба)
да ве наведат да не се придржувате строго до
безбедносните правила за овој производ.
ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето на
безбедносните правила наведени во ова
упатство може да предизвикаат тешка телесна
повреда.
188 МАКЕДОНСКИ
НЕ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

0088381558228

Table of Contents