Makita JV143D Instruction Manual page 40

Hide thumbs Also See for JV143D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Секогаш држете го работ на основата
израмнет со материјалот. Во спротивно, може
да се скрши ножот и да дојде до сериозна
повреда.
Многу полека напредувајте со алатот кога
сечете кривулести линии или кога резбате.
Ако го притискате алатот, може да се накриви
површината за сечење или да се скрши
ножот.
► Сл.8: 1. Линија на сечење 2. Основа
Вклучете го алатот без ножот да допре и почекајте
додека ножот да постигне целосна брзина. Потоа
потпрете ја основата директно на материјалот и
нежно движете го алатот нанапред по претходно
означената линија за сечење.
Косо сечење
► Сл.9
ВНИМАНИЕ:
Пред секое навалување на основата,
секогаш проверувајте дали алатот е исклучен
и касетата со батеријата е извадена.
Дигнете го целосно капакот за прав пред да
ги правите косите пресеци.
► Сл.10: 1. Имбус клуч 2. Завртка 3. Основа
Кога основата е накосена, можете косите пресеци да
ги правите со агол од 0° до 45° (лево или десно).
Разлабавете ја навртката на задниот дел на
основата со имбус-клучот. Поместете ја основата
за навртката да дојде во центарот на каналот на
основата во облик на крст.
► Сл.11: 1. Раб 2. Градација
Навалете ја основата додека не го постигнете
саканиот агол на пресек. Работ на куќиштето
на моторот го означува аголот на пресеците по
градација. Потоа зацврстете ја навртката за да ја
зацврстите основата.
Предни пресеци за израмнување
► Сл.12: 1. Завртка 2. Имбус клуч 3. Основа
Разлабавете ја навртката на задниот дел на
основата со имбус-клучот и излизгајте ја основата
целосно наназад. Потоа зацврстете ја навртката за
да ја прицврстите основата.
Исечоци
Исечоци се прават со еден од двата метода A или B.
A) Дупчење на почетна дупка
► Сл.13: 1. Почетна дупка
За внатрешни исечоци без воведен пресек од
некој агол, претходно издупчете почетна дупка
со дијаметар од 12 мм или повеќе. Ставете
го ножот во оваа дупка за да почнете да го
правите пресекот.
B) Сечење со забивање
► Сл.14
Нема потреба да издупчите почетна дупка или
воведен пресек ако внимателно го сторите
следново:
(1) Потпрете го алатот на предниот раб на
основата, ножот да е поставен токму над
површината на материјалот.
(2) Потпрете го алатот за предниот раб на
основата да не мрда кога ќе го вклучите
алатот, и спуштете го задниот дел на
алатот нежно и полека.
(3) Кога ножот ќе продре низ материјалот,
полека спуштете ја основата на алатот на
површината на материјалот.
(4) Пресекот завршете го на нормален начин.
Обликување на рабовите
► Сл.15
За обликување на рабовите или за прилагодување
на димензиите, пројдете со ножот лесно по
исечените рабови.
Сечење метал
секогаш користете соодветен разладувач (масло за
сечење) кога сечете метал. Во спротивно, може да
дојде до значително абење на ножот. Наместо да
користите разладувач, долниот дел на материјалот
можете да го подмачкувате.
Собирање на правот
► Сл.16: 1. Капак на резервоар за прав 2. Црево
Сечењето може да биде уште почисто ако го
поврзете алатот со правосмукалка „MAKITA"
Ставете го цревото на правосмукалката во дупката
на задниот дел на алатот. Спуштете го капакот за
прав пред да почнете со работа.
НАПОМЕНА:
Не може да се одвојува правта кога се прават
косите пресеци.
Лизгачка основа (додаток по
избор)
ВНИМАНИЕ:
Пред секое монтирање или отстранување
на додатните делови, проверувајте дали
алатот е исклучен и касетата со батеријата е
извадена.
1. Рамни засеци
► Сл.17: 1. Надолжен потпирач (водилна шина)
Кога неколкупати по ред сечете парчиња од 160
мм или помалку, ако ја користите лизгачката
основа, ќе имате брзи, чисти, прецизни
пресеци.
40 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Jv183d

Table of Contents