Makita DCS553 Instruction Manual page 63

Cordless metal cutter
Hide thumbs Also See for DCS553:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ВНИМАНИЕ:
Не наслагајте ги материјалите
кога ги сечете.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да сечете зајакнат
челик, дрво, пластика, бетон, плочки
итн. Сечете само мек челик, алуминиум и
не'рѓосувачки челик со соодветното сечило на
циркуларна пила.
ВНИМАНИЕ:
Не допирајте ги сечилото на
циркуларната пила, работниот материјал или
деланките од сечењето со голи раце веднаш по
сечење. Тие може да бидат многу жешки и може
да ви ја изгорат кожата.
ВНИМАНИЕ:
Ако алатот работи
континуирано додека батеријата не се
испразни, оставете го да се одмори 15 минути
пред да продолжите со свежа батерија.
Надолжен потпирач
(шина-водилка)
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
Пред употреба, уверете
се дека надолжниот граничник е безбедно
монтиран во правилната положба. Несоодветен
приклучок може да предизвика опасен повратен
удар.
► Сл.23: 1. Надолжен потпирач (шина-водилка)
2. Клемаста завртка
Практичниот надолжен граничник овозможува
рамно сечење со посебна прецизност. Едноставно
притиснете го потпирачот од страната на
материјалот и прицврстете го во таа положба со
завртката за стегање од предниот дел на основата.
Тоа овозможува и изведување прави засеци со
еднообразна ширина повеќе пати.
Поврзување со јаже (лента за
прицврстување)
Посебни безбедносни предупредувања за
користење на висина
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања
и упатства. Ако не се почитуваат предупредувањата
и упатствата, може да дојде до сериозни повреди.
1.
Секогаш држете го алатот прицврстен кога
работите „на висина". Максимална должина
на јажето е 2 м (6,5 стапки).
Максималната дозволена висина на пад на
јажето (лентата за прицврстување) не смее
да надмине 2 м (6,5 стапки).
2.
Користете само јажиња што се соодветни за
овој тип алат и проценети за најмалку 4,0 кг
(8,8 lbs).
Не зацврстувајте го јажето од алатот со
3.
ниту еден дел на телото или на подвижните
компоненти. Зацврстете го јажето од алатот
на цврста структура што може да ги издржи
силите на паднатиот алат.
4.
Пред употреба, проверете дали јажето е
правилно затегнато на секој крај.
5.
Пред секоја употреба, проверете
дали алатот има оштетувања и дали
функционира правилно (вклучувајќи ги
платното и шевовите). Не користете ако е
оштетен или ако не функционира правилно.
6.
Не виткајте ги јажињата ниту дозволувајте да
дојдат во допир со остри или груби рабови.
7.
Зацврстете го другиот крај од јажето надвор
од работниот простор, така што алатот што
паѓа ќе биде добро прицврстен.
8.
Прикачете го јажето, така што алатот ќе
се оддалечи од операторот ако падне.
Паднатите алати ќе се нишаат на јажето, што
може да предизвика повреда или губење на
рамнотежата.
9.
Не користете го во близина на подвижни
делови или машинерија што работи. Во
спротивно, тоа може да резултира со опасност
од кршење или заплеткување.
10. Не носете го алатот со додадениот уред или
јажето.
11.
Пренесувајте го алатот само со рацете
додека држите соодветна рамнотежа.
12. Не прикачувајте ги јажињата на алатот
на начин што ќе ги спречи штитниците,
прекинувачите или одблокирањата да
работат правилно.
13. Избегнувајте заглавување во јажето.
14. Држете го јажето настрана од областа каде
што се сече со алатот.
15. Користете карабинери со повеќе дејства и
со тип шрафови со затворање. Не користете
карабинери со едно дејство со клипови со
пружини.
16. Во случај кога алатот ќе падне, тој мора
да се означи и да се отстрани од работа
и треба да го провери фабричкиот или
овластениот сервисен центар на Makita.
► Сл.24: 1. Отвор за јажето (лентата за
прицврстување)
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ВНИМАНИЕ:
долниот штитник за да осигурите да нема
насобрани метални делканици што може да
го нарушат работењето на долниот заштитен
систем. Ако заштитниот систем е нечист, тоа
може да го ограничи правилното работење, што
може да резултира со тешка телесна повреда.
Кога користите компримиран воздух за да се
издуваат металните делканици од штитниците,
носете соодветна заштита за очи и дишење.
ВНИМАНИЕ:
го внатрешниот дел од кутијата за прав и
избришете го правот од сечење што е на
алатот. Во алатот може да навлезе фина метална
прашина и да предизвика дефект или пожар.
63 МАКЕДОНСКИ
Пред секоја проверка или
Исчистете ги горниот и
По секоја употреба, исчистете

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents