Makita DCJ200 Instruction Manual page 148

Hide thumbs Also See for DCJ200:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Важни безбедносни мерки за касетата
со батеријата
• Полнете само со полначот одреден од страна на
производителот. Полнач што е соодветен за еден
тип батерија може да создаде ризик од пожар кога
се користи со друга батерија.
• Исклучиво користете ја јакната со конкретно
наменета батерија. Користењето други батерии
може да создаде ризик од повреда или пожар.
• Пред користење на касетата со батеријата,
прочитајте ги сите упатства и предупредувања на
(1) полначот за батерии, (2) батеријата и (3)
производот што ја користи батерија.
• Не расклопувајте ја касетата со батеријата.
• Ако времето во работа станало прекумерно кратко,
престанете веднаш со работа. Тоа може да
резултира со ризик од презагревање, можни
изгореници и дури и експлозија.
• При случаи на злоупотреба, од батеријата може да
истече течност. Избегнувајте контакт со неа. Ако
електролит навлезе во вашите очи, измијте ги со
чиста вода и побарајте медицинска нега веднаш.
Тоа може да резултира со губење на вашиот вид.
• Немојте да правите краток спој на касетата со
батеријата.
1. Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
2. Избегнувајте да ја чувате касетата со батерија
во сад со други метални предмети како што се
шајки, монети и сл.
3. Не изложувајте ја касетата со батеријата на
вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да предизвика
голем проток на електрична енергија,
презагревање, можни изгореници и дури и пад на
напојувањето.
• Немојте да ги чувате јакната, држачот на батеријата
и касетата со батеријата на места каде
температурата може да надмине 50°C (122°F).
• Не спалувајте ја касетата со батеријата дури и кога
е многу оштетена или целосно потрошена. Касетата
со батеријата може да експлодира ако се стави во
оган.
• Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
• Не користете оштетена батерија.
• Почитувајте ги вашите локални прописи во врска со
фрлање на батеријата во отпад.
Совети за одржување максимален
работен век на батеријата
• Никогаш немојте да полните касета со батерија што
веќе е полна.
Прекумерното полнење го скратува рабониот век на
батеријата.
• Полнете ја касетата со батеријата на собна
температура од 10°C - 40°C (50°F - 104°F).
• Дозволете загреаната касета со батерија да се
олади пред да ја ставите на полнење.
• Полнете ја касетата со батеријата еднаш секои
шест месеци ако не ја користите подолг временски
период.
148
• За оптимален работен век, касетата со батеријата
треба целосно да се наполни по употреба.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Cj101dCj100dDcj201Dcj200zxxl68.900

Table of Contents