Philips SpeedPro Aqua FC6729/01 Manual page 124

Hide thumbs Also See for SpeedPro Aqua FC6729/01:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Македонски
124
- Овој уред користи вода за чистење, па затоа подот може да биде влажен и лизгав некое
време (Сл. 3).
- За да спречите оштетување, немојте да користите течни средства за чистење на подови што
не се провидни, па дури се и со млечна боја.
- За да се спречи оштетување, никогаш не ставајте восок, масло или производи за одржување
подови или течни средства за чистење подови што не се растворливи во вода во
резервоарот за вода.
- За да се спречи оштетување, никогаш не ставајте етерични масла или слични супстанции во
резервоарот за вода и не дозволувајте уредот да ги смука.
- Не користете различни типови течни средства за чистење заедно. Кога сте користеле едно
течно средство за чистење подови, прво испразнете го и исплакнете го резервоарот за вода
пред да додадете друго течно средство за чистење подови во водата во резервоарот за
вода.
- Никогаш не надминувајте ги максималните количини наведени на шишето кога користите
течно средство за чистење подови. Не ставајте повеќе од неколку капки во водата во
резервоарот за вода, бидејќи резервоарот има капацитет од 200 ml.
- Не кревајте ја и не навалувајте ја млазницата кога резервоарот за вода е составен и полн,
бидејќи може да се распрска вода од резервоарот.
- Не чистете ја металната лента за навлажнување со остар предмет, бидејќи тоа може да ја
оштети лентата. Чистете ја лентата за навлажнување само со плакнење под чешма.
Заменете ја лентата за навлажнување кога веќе не можете да ја исчистите.
- Заменувајте ја лентата за навлажнување само со оригинална лента. За нарачување нова
лента, видете во поглавјето „Нарачка на додатоци".
- Чистете го резервоарот за вода според упатствата. Резервоарот за вода не се мие во
машина за садови.
- Не користете силни средства за чистење или алатки за чистење на педалот Aqua Boost.
- По бришење на подовите, не складирајте го уредот со резервоарот за вода прикачен на
станицата за полнење. Ако го направите тоа, влажната влошка за бришење ќе го допре
ѕидот и може да дојде до негово оштетување. Секогаш отстранувајте го резервоарот за
вода пред да го складирате уредот.
- За да се гарантираат добри резултати при чистење и соодветно функционирање на уредот и
резервоарот со вода, секогаш користете оригинални влошки за чистење.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој Philips уред е во согласност со сите важечки стандарди и регулативи во врска со
изложеноста на електромагнетни полиња.
Користење на уредот
Ограничувања на користењето
- Користете го резервоарот за вода само на цврсти подови чиј горен дел е водоотпорен (како
линолеум, емајлирани плочки и лакиран паркет) и камени подови (како мермер). ако вашиот
под не е третиран за да биде водоотпорен, проверете кај производителот дали смеете да
користите вода за негово чистење. Не користете го резервоарот за вода на цврсти подови
чијшто водоотпорен горен слој е оштетен.
- Користете го резервоарот за вода само на подови од линолеум што се соодветно фиксирани
за да се спречи вовлекување на линолеумот во млазницата за бришење.
- Не користете го резервоарот за вода за чистење теписи.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents