Bosch Professional GDB 350 WE Original Instructions Manual page 205

Hide thumbs Also See for Professional GDB 350 WE:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 16
Доколку заштитниот прекинувач за
u
диференцијална струја (PRCD) е дефектен,
електричниот алат не смее да се користи.
Вклучување
Притиснете на копчето RESET на заштитниот прекинувач
за диференцијална струја (PRCD) (1).
Поставете ја запорната славина за вода (5) на проток.
За вклучување на електричниот алат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во
позиција 1.
Исклучување
За исклучување на електричниот алат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во
позиција 0.
Завртете ја запорната славина за вода (5). По
завршување на работата извадете го приклучниот
елемент за славината (4) од доводот за вода. Отворете ја
запорната славина за вода (5) и испуштете ја
преостанатата вода.
Ограничување на стартната струја
Електрониката на електричниот алат овозможува мек
старт на моторот и ја спречува превисоката стартна
струја.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на струја.
За повторно вклучување притиснете на копчето RESET на
заштитниот прекинувач за диференцијална струја
(PRCD) (1). Прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) ставете го во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Бирање на бројот на вртежи
Со прекинувачот за избор на брзина (3) може да
изберете два броја на вртежи.
Постојат препорачани брзини за следните дијаметри на
дупчење:
– 1. брзина: 165–350 mm
– 2. брзина: 80–160 mm
– 3. брзина: 55–105 mm
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При дупчење, олабавете ја сопирачката за
фиксирање (16) додека вртливиот крст (15) не може
малку да се движи. Притоа цврсто држете го вртливиот
крст, за да спречите неконтролирано излизгување на
електричниот алат.
Дупчете во 1. брзина со помал број на вртежи, сè додека
крунестата бургија не почне да се врти во материјалот
без вибрации. Потоа, доколку е неопходно вклучете во 2.
или 3. брзина.
Bosch Power Tools
Прилагодете го притисокот при дупчењето на
материјалот. Дупчете со рамномерен притисок.
Повремено повлечете ја бургијата од дупката, за да може
да се отстрани нечистотијата од дупчењето одн.правта од
дијамантските сегменти.
Со вртливиот крст (15) спуштете го надолу електричниот
алат на саканата длабочина на дупчење. Потоа вратете ја
назад, додека крунестата бургија не излезе целосно.
За да се постигне максимално можна работна должина,
мора да го извадите јадрото од дупчењето, штом ќе се
наполни целосно крунестата бургија. Потоа одново
водете ја крунестата бургија во дупката и дупчете додека
не ја постигнете максималната длабочина.
Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку крунестата бургија се стегне или заглави, ќе се
прекине погонот на вратилото за дупчење. Во ваков
случај веднаш исклучете го електричниот алат, за да
избегнете изабување и вжештување на истиот.
Олабавете ја крунестата бургија со вртење со соодветен
вилушкаст клуч налево или надесно. Внимателно
извлечете го електричниот алат од издупчената дупка.
Заштита од преоптоварување
Доколку се надмине прагот на преоптоварување,
електричниот алат почнува да пулсира. Намалете го
притисокот, додека електричниот алат не се врати во
нормала.
Доколку притисокот на дупчење не се намали,
електричниот алат се исклучува. Потоа веднаш можете да
го вклучите електричниот алат, но ќе треба да работите со
помал притисок на дупчење.
Отстранување на јадрото од дупчењето
По дупчењето оставете ја водата да тече, за да ја
исплакне нечистотијата помеѓу крунестата бургија и
јадрото од дупчењето.
Доколку јадрото е заглавено во бургијата, удрете ја
крунестата бургија со меко дрво или парче пластика и
исфрлете го јадрото. По потреба истиснете го јадрото со
едно стапче низ крајот за вметнување на крунестата
бургија.
Напомена: Не удирајте со тврди предмети по крунестата
бургија (опасност од деформација)!
Македонски | 205
1 609 92A 4NK | (20.02.2019)

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gcr 3503 601 a90 200

Table of Contents