Bosch Professional GDB 350 WE Original Instructions Manual page 204

Hide thumbs Also See for Professional GDB 350 WE:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 16
204 | Македонски
Вадење на крунестата бургија
При менувањето на крунестата бургија носете
u
заштитни ракавици. При подолготрајна употреба,
круната за дупчење може да се вжешти.
Олабавете ја крунестата бургија (6) со вилушкаст клуч
(ширина на клучот 41 mm). Притоа, со друг вилушкаст
клуч (ширина на клучот 32 mm) држете го вториот раб на
вретеното за дупчење (7) во спротивен правец.
Брзо-ослободувачкиот елемент (8) го олеснува
ослободувањето на крунестата бургија (6).
Приклучување на систем за ладење на вода
Доколку крунестите бургии за мокро дупчење не се ладат
доволно за време на дупчењето, дијамантските сегменти
може да се оштетат или крунестата бургија може да се
блокира во дупката. Затоа, при мокро дупчење
овозможете доволен довод на вода.
При зголемување на постоечката дупка, таа мора
внимателно да се затвори, за да се овозможи
беспрекорно ладење на крунестата бургија.
Приклучените црева, запорните вентили или
u
опрема не смеат да го попречуваат процесот на
дупчење.
Затворете ја запорната славина за вода (5). Приклучете
цевка за довод на вода на приклучниот елемент на
славината (4). Приклучувањето на цевката за довод на
вода е возможно од мобилен сад за вода под притисок
(опрема) или од стационарен приклучок за вода.
За да ја соберете водата што излегува од дупката при
мокро дупчење, употребете прстен за собирање на вода
и всисувач за мокро/суво всисување (двете ќе ги најдете
како опрема).
Монтирање на прстен за собирање на вода до
всисувањето на вода (види слика F)
Прстенот за собирање на вода (види „Опрема/резервни
делови", Страница 206) е предвиден за употреба со
сталак за дијамантска дупчалка GCR 350 и дијамантска
дупчалка GDB 350 WE.
Исечете еден отвор во саканиот дијаметар на дупчење во
заптивниот поклопец.
Вметнете ја затегнувачката пружина (35) до крај во
процепот меѓу подната плоча (19) и столбот на
дупчалката (21). Внимавајте свитканиот дел на
затегнувачката пружина да покажува надолу.
Поставете го прстенот за собирање на вода и легнете ја
затегнувачката пружина на потпорните точки на прстенот
за собирање на вода. (Окцата на краевите на
затегнувачката пружина служат за влечење на истата
нагоре.)
Со помош на затегнувачката сила на пружината прстенот
за собирање на вода со неговиот дихтунг ќе се притиснат
на подлогата и ќе го спречат протекувањето на вода со
вакуумот на всисувачот за мокро/суво всисување.
Прстенот за собирање вода може да се врти во неговиот
затегнувачки прстен, за да ги доведете млазниците за
вшмукување во саканата позиција (на пр. за да го
1 609 92A 4NK | (20.02.2019)
оптимирате одводот на вода при хоризонтално дупчење).
За таа цел отворете го затворачот на затегнувачкиот
прстен на прстенот за собирање на вода, свртете го
прстенот за собирање вода и повторно затворете го
затворачот.
Употреба
Промена на аголот на дупчење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
По секое поместување на сталакот за дупчење,
u
повторно затегнете ги сите завртки.
Олабавете ја заоблената слепа навртка (17) со вртлив
крст (15).
Поставете го сталакот за дупчалка со помош на скала за
подесување на аголот на дупчење (13) на саканиот агол.
За прецизно подесување, внимавајте на стрелката покрај
заоблената слепа навртка (17).
Затегнете ја рачно заоблената слепа навртка (17) со
вртливиот крст (15).
Сталакот за дупчење може да се употреби дури
u
откако заоблената слепа навртка (17) за
подесување на агол повторно ќе биде затегната.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Пред почетокот на работата повикајте го
u
одговорниот статичар, архитект или надлежните
градежни раководители за да се советувате за
планираното дупчење. Арматури смее да се сечете
само со одобрение на градежен статичар.
При дупчење во ѕид или под, неопходно е да
u
проверите дали во просторијата постојат препреки.
Заклучете го градилиштето и осигурете го јадрото
од дупчењето од паѓање со помош на облога.
Проверка на функцијата на заштитниот уред за
диференцијална струја (PRCD)
Пред секој почеток на работата проверете го правилното
функционирање на заштитниот прекинувач за
диференцијална струја (PRCD) (1):
– Притиснете на копчето TEST на заштитниот
прекинувач за диференцијална струја (PRCD).
Црвениот контролен приказ се гаси.
– Притиснете на копчето RESET. Сега електричниот алат
мора да се изгаси.
Доколку црвениот контролен приказ не се изгаси откако
ќе го притиснете копчето TEST, или постојано се гаси при
вклучување на електричниот алат, електричниот алат
мора да го оставите во сервисната служба на Bosch.
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gcr 3503 601 a90 200

Table of Contents