Samsung SS60K60 Series User Manual page 64

Hide thumbs Also See for SS60K60 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Општо
• Внимателно прочитајте го целото упатство. Пред вклучувањето, проверете дали
напонот на вашата електрична мрежа е ист како напонот назначен на плочката од
долната страна на правосмукалката.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да ја користите правосмукалката кога тепихот или
подот се мокри.
• Бидете многу внимателни при користење на какви било апарати покрај или во
близина на децата. Не дозволувајте правосмукалката да се користи како играчка.
Не дозволувајте правосмукалката да остане вклучена без надзор. Користете ја
правосмукалката само за нејзината намена, како што е опишано во упатството.
• Немојте да ја користите правосмукалката без кантичката за прав.
• За најголема ефикасност, испразнете ја кантичката за прав пред целосно да се
наполни.
• Немојте да ја користите правосмукалката за собирање чкорчиња, топол пепел или
отпушоци. Чувајте ја правосмукалката далеку од шпорети и други извори на топлина.
Топлината може да ги изобличи и обезбои пластичните делови на апаратот.
• Избегнувајте собирање тврди и остри предмети со правосмукалката, бидејќи тие
можат да ги оштетат деловите на апаратот.
• Немојте да го блокирате влезниот или излезниот отвор.
• Исклучете ја правосмукалката на куќиштето на апаратот пред да го извадите
приклучникот од штекерот. Извадете го приклучникот од штекерот пред да
ја празните кантичката за прав. За да избегнете оштетувања, извадете го
приклучникот држејќи го него, а не со влечење на кабелот.
• Овој уред можат да го користат деца на возраст од 8 или повеќе години и лица
со намалени физички, сетилни или ментални способности или, пак, недоволно
искусни или обучени лица, доколку бидат надгледувани или им се даваат инструкции
во врска со користење на уредот на безбеден начин и доколку ги разберат
опасностите кои можат да произлезат. Децата не смеат да си играат со уредот.
Чистењето и одржувањето не смеат да го вршат деца без надзор.
• Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.
• Приклучникот мора да биде изваден од штекерот пред чистењето или одржувањето
на апаратот.
4
Македонски
Stick_VS6000_13ge_00745E-01_GE.indb 4
2017-03-27 오후 5:08:36

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ss60m60 series

Table of Contents